tursko-makedonsko prijatelstvo

Турска делегација во Охрид

Post Views: 1 Денес, градоначалникот Петрески беше домаќин на бројна делегација на еден од најразвиените туристички региони во Турција, Мармара. Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, на гостите им ја презентира работата на Советот и локалната администрација, а проф.д-р.Науме Мариноски им ги претстави туристичките потенцијали на Охрид. Градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на турскиот град Сафран болу, потпишаа Договор за збратимување и соработка. Двајцата градоначалници истакнаа дека посебна димензија на збратимувањето му дава фактот што и Охрид...

Continue reading

denovi na kosta abrash

Денови на Коста Абраш

Post Views: 2 Оваа манифестација по втор пат се одбележува во Охрид, во чест на големиот литературен деец Коста Абраш. Организатор е здружението за македонско-турско- српска соработка, заедно со Н.У. Библиотека „Григор Прличев“. Годинава, на овој настан се дава голема тежина, вели Здравко Ратајкоски од здружението на македонско-турско-српска соработка, кој воедно ја презентира и агендата на програмата по повод одбележувањето на „Деновите за Коста Абраш“. Не случајно за Коста Абраш се зборува дека е македонско српски писател, кој за својот краткотраен живот постигнал многу, вели поетесата...

Continue reading

ucenici

Облека за секој средношколец во охридската гимназија

Post Views: 18 Се што се почнува треба да се заврши. Оваа учебна година по барање на родителите, учениците во охридската гимназија ќе носат унифицирана облека. Одлуката е конечна и помината низ сите филтри. Таа е едногласно усвоена на наставнички совет како и на совет за родители, а сега се дискутира за цената која изнесува 1900. Дел од родителите на учениците реагираат на според нив вака висока цена. Првиот човек на О.С.У. Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски, вели дека очекувани се реакциите по однос на ова прашање, но дека сепак постојат одредени правила на игра каде се вклучени...

Continue reading

nurkac

Авантура која мора да се доживее

Post Views: 23 Апетитите на современиот турист од сезона во сезона растат. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот, со од час во час менливата туристичка побарувачка. Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце. Годиниве побарувачката е ориентирана кон таканаречениот активен одмор во кој максимално ќе бидат ангажирани. Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за активниот одмор во летниот период. Нуркачкиот туризам во вистинска смисла на зборот, кај нас може да се доживее преку НЦ „Амфора“...

Continue reading

gimnazija

Каде на екскурзија и колку ќе чини?

Post Views: 4 Од три понуди за екскурзија во Прага, одбрана најсолената. Охридските средношколците на почетокот на Октомври ќе отпатуваат за Прага во рамките на редовната програма на Општинското Средно Училиште Св. „Климент Охридски“. Дел од родителите на учениците со допис до нашиот медиум реагираат околу постапката со организацијата на екскурзиите. Тие велат дека целата постапка е системско ограбување на родителите и прашуваат зошто секогаш доверба од ракводителите се дава на една иста агенција во случајот посочена е агенцијата Виспој. Првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски,...

Continue reading

ou Kliment Ohridski

Кој ќе седне на директорските фотељи во охридските основни училишта?

Post Views: 0 Охридските основни училишта ги менуваат првите луѓе. Иако во различен период, конкурси за директори ќе има, а за кандидатите ќе одлучуваат градоначалникот Петрески и училишните одбори на четирите основни школи. Ова е тема која предизвикува многу шпекулации, но една работа е сигурна, а тоа е дека основните училишта Христо Узунов, Григор Прличев и Братство Единство ќе добијат сосема нови директори бидејќи постојните ги привршуваат своите втори мандати.Градоначалникот Петрески задоволен од тоа како досегашните директори ја вршеле својата должност, па посака доколку има...

Continue reading

butka za hrana

Летово во Охрид се јадеше се и сешто и тоа секаде

Post Views: 1 Се контролираше ли доволно храната која оваа летна сезона се продаваше низ Охрид и Струга? Сведоци бевме дека пред секоја сезона сендвичари и тезги за продажба на најразлични видови на храна, преку ноќ никнуваа на мал милион локации низ градот, а за портабл продавачите на пченки и костени, да не стане ни збор. Што велат експертите за ваквата ситуација, која со години ни се случува пред очи? „Значи храна на отворено не е забрането да се продава. Ние ја започнавме таа акција за зелените пазари каде се продава таа храна посебно дел на храната од животинско потекло која...

Continue reading

ucenici

Училиштата и родителите vs Законот за образование

Post Views: 0 Стартот на учебната 2011 / 2012 година, во основните и средните училишта, започнува со низа измени кои се однесуваат и за наставниците и за родителите. Едни измени и дополнувања на Законот за основно образование стартуваат од септември, а другите од јануари идната година. До 20 септември училиштата имаат обврска да достават до државниот инспекторат  за обарзовани еи наука програми за организирање часови за дополнителна и додатна настава. Наставниците ќе мора да испланираат термини за изведување на овој вид настава. Законодавецот увидел дека семејниот буџет се празни...

Continue reading

defekt

Пукнатата цевка го откри штрајкот

Post Views: 0 Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат...

Continue reading

e-demokratija

Македонија може да биде лидер во регионот за Е-демократија

Post Views: 5 Електронската влада или е-владата ја носи земјава чекор поблиску кон најдемократските држави во светот. Активното вклучување на граѓанинот во одлуките и законите кои ги носи Парламентот на Република Македонија, не само на хартија, туку и во пракса, ја крева демократијата во земјава на едно повисоко ниво. Ова е заклучокот на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. Тој додава дека се спроведени бројни проекти во оваа насока, но уште многу останува да бидат реализирани. „Па имајќи во предвид во минатото 464 закони кои што беа донесени од Владата и од Парламентот...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Охридските пензионери бараат корекција на пензиите

Post Views: 4 Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите. „Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже...

Continue reading

kongres

Конгрес на фармацијата во Македонија

Post Views: 1 Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top