cistenje

Се чистат плажите и вон сезона

Post Views: 2 Организирана хигиена на подрачјето на општина Охрид. Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, успшено изведоа акција за чистење на плажите. Од потегот пред хотелот „Два Бисери, па се до центарот на Пештани беа подигнати 30 м3 разновиден отпад. Ова е апел сите субјекти да се вклучат во средување на охридските плажи, а посебно концесионерите, кои после сезоната не се заинтересирани како изгледаат плажите со кои стопанисуваат, вели првиот човек на ЈП Сашо Алче. Секторот за патишта досега воопшто не е заинтересиран за соработка, вели Алче. Додава дека...

Continue reading

pravnici

Правниците во Охрид

Post Views: 2 Традиционална есенска средба 65 по ред на правниците во Охрид. Тема на средбата е остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Правниците дискутираат на повеќе пошироки теми од судската практика и поисцрпно ги проучуваа прашањата од судската практика и теоријата. „ Овој пат сметаме дека се актуелни работните односи што вклучуваат неколку теми актуелни во праксата, како најниската плата па ги поканавме и работодавачите и претставниците на синдикатот. Утре имаме разгледување на сите форми на заштита и мобинг...

Continue reading

sudenje

Нов адвокат ќе го брани Кристијан Шапкар

Post Views: 16 Уште еднаш одложено судското рочиште за глисерската несреќа во која пред повеќе од две години, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. После најавите на последното одржано рочиште од страна на адвокатите на семејството Муцунски, дека со користење на сите правни инструменти ќе се обезбеди присуство на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност, првобвинетиот денес се појави во судницата. Но сепак судскиот претрес и повторно не се одржа, а не дојде ни до сослушување на сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана Шапкар. Причина,...

Continue reading

deca

Македонските деца се поблиску до прекумерна дебелина

Post Views: 4 Лошата исхрана и слабата физичка активност како епидемија ги зафаќа и македонските деца. Иако до неодамна Македонија важеше за земја на здрави деца кои здраво се хранат, во последниве години за жал и ние ги следиме западните трендови. Децата се повеќе висат пред компјутер или телевизор, а ги забораваат друштвените игри во природа. Еден од клучните фактори за одржување на детското здравје е се разбира и правилната исхрана. Јадењето на брза храна станува навика не само на малите деца туку за жал и на нивните родители. „Би рекол тука дека голема одговорност имаме сите...

Continue reading

gimnazija

Учениците и професорите од ОСУ„Св Климент Охридски“ во униформи

Post Views: 5 Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а  до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е  премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата. Во интерес на вистината контектирваме со директорот на Училиштето Наум Рилковски. Тој и покрај тоа што денеска беше презафатен бидејќи во училиштето до петок гостува делегација од Словенија, сепак телефонски ни...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

Boceska

Современа шпанска кинематографија во Охрид

Post Views: 0 По ревијата на руски филм, овој пат, Центарот за култура „Григор Прличев“ својата публика ќе ја анимира со ревија на филмови од современата шпанска кинематографија. Шпанската продукција е светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката. Се работи за филмови кои ретко можат да се видат по комерцијалните кино-сали во Македонија-ќе рече м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотека на Македонија. „Оваа ревија е пред се поради соработката која што ја имаме со Кинотека на Македонија и со Шпанската амбасада која што дозволи овие филмови да бидат...

Continue reading

angiogram

Центарот за кардиоваскуларни болести „Св. Стефан“ се приближува до големите светски центри

Post Views: 7 Со примената на овој апарат се озвозможува охридската кардиолошка болница да изведува побезбедни процедури и за пациентите и за медицинскиот персонал нагласува првиот човек на оваа здравствена установа, д-р Бакрачески. Софистицираниот апарат има мала доза на зрачење, истовреме ќе се поедностават зафатите и ќе се изведуваат за пократок временски интревал, појаснува кардиологот Бакрачески.„ Сето тоа води кон изведување на многу сложени и софистицирани процедури кои досега заради непостоење на ваков апарат не бевме во можност да ги изведуваме. Сега се озвозможува примена...

Continue reading

doc

Листа на документи потребни за обнова на право на социјална парична помош

Post Views: 7 Од Центарот за социјални работи – Охрид известуваат дека од 17.10.2011 година до 02.12.2011 година ќе се одвива годишната обнова на документација за корисницте на социјална парична помош. ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОБНОВА НА ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ                 1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита; 2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот...

Continue reading

niskogradba

Штрајк во „ЈП Нискоградба“

Post Views: 11 Денеска е активиран штрајкот во ЈП „Ниско градба“. Причина за истиот се неисплатените плати за месец август и септември. Од штрајкувачкиот одбор велат дека до раководниот тим на ЈП уредно доставиле предупредување за штрајк, дека ќе го активираат, доколку не им се исплатат заостанатите плати.   „Бидејќи еден дел од нашите барања беа исполнети, поточно неодамна ни беше исплатена плата за месец јули, штрајкот го ставивме во мирување и постигнавме договор дека нема да штрајкуваме до 14.10, но за тој период да ни биде исплатена платата за август. Бидејќи ова барање не ни...

Continue reading

crven krst

Заедно во борба против гладта

Post Views: 0 Започна одбележувањето на Неделата на гладта по повод светскиот ден за борба против гладта 16ти Октомври. Волонтерите на Црвениот крст од Охрид од вчера па се до 22ри Октомври ќе собираат донации со цел да им се помогне на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. За оваа цел, Црвениот крст ја обезбедил соработката со рестораните во градов кои во текот на оваа недела ќе издвојуваат 10% од својата заработувачка како свој придонес во оваа акција. Со собраните средства ќе се купат прехранбени артикли кои ќе бидат вклучени во хуманитарните пакети. „И оваа година...

Continue reading

proekt na TLER

Културното наследство не смееме да го конзервираме

Post Views: 4 Промовиран проектот за интегриран пристап во управување со културното наследство. Преку овој проект вреден приближно, 1,5 милион евра, Општина Охрид ќе учи како да се грижи и како да управува со културното наследство. „ Целта е поврзана со нашата стратегија која ја имаме,а тое постигнување на одржлив развој, со зачувување со валоризација на културното но и природното богатство.Денес формиравме координативно тело во ова тело ќе учествуваат сите релевантни фактори од градот поврзани со делот на културата“ вели Симоноски. Со имплементацијата на проектните активности, денес...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top