Правниците во Охрид

Традиционална есенска средба 65 по ред на правниците во Охрид. Тема на средбата е остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Правниците дискутираат на повеќе пошироки теми од судската практика и поисцрпно ги проучуваа прашањата од судската практика и теоријата.

 |  Татјана Маленкова  | 
pravnici
правници

Традиционална есенска средба 65 по ред на правниците во Охрид. Тема на средбата е остварување и заштита на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот сектор. Правниците дискутираат на повеќе пошироки теми од судската практика и поисцрпно ги проучуваа прашањата од судската практика и теоријата.

„ Овој пат сметаме дека се актуелни работните односи што вклучуваат неколку теми актуелни во праксата, како најниската плата па ги поканавме и работодавачите и претставниците на синдикатот. Утре имаме разгледување на сите форми на заштита и мобинг и вонсудска заштитаи судската, да ги сумираме ефектите од имплементацијата на законот за работни односи, а последниот ден се покренува прашањето за работното осигурување  и сакаме да промовираме нова идеја за дополнително приватно осигурување 04:44 редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје“ “, истакна претседателот на здружение на правници на Р Македонија и редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје Тито Беличанец.

„Направен е голем исчекор со уредувањето на минималната плата на национално ниво, бидејќи Македонија беше земја која немаше утврдено минимална плата која ќе важи на територијата на целата држава“, истакна претседателот на организација на работодавачи на Р Македонија Димитар Стојановски.

Оваа организација беше главен носител на израбтувањето на законот за минимална плата, како еден од социјалните партнери заедно со синдикатот, при што во работата според нивните изјави пристапиле многу конструктивно пратејќи ја праксата од околните земји, како и директивите или актите на меѓународната организација на труд и на Обединетите нации.

Tito Belicanes„ Во тој дел работодавачите заедно со синдикатите направивме добар избор на начин што се определивме со закон да ја одредиме минималната плата. Предности на законот се што истиот ќе важи на цела територија на Р Македонија, а досегашната пракса преку колективни договори во делот на општиот колективен договор пак каде имаше само генерални одредби, а не и фиксен износ на минималната плата, општиот беше задолжителен за сите, но гранските колективни договори не беа задолжителни, а со тоа имаше проблем да бидат обврска на сите субјекти во Р. Македонија, истакна претседател на организација на работодавачи на Р Македонија, М-р Димитар Стојановски.

Стојановски додаде дека износот на минимална плата во Македонија од 8050 денари е одреден со дел на социјални и дел на економски критериуми.
На средбата во Охрид присуствуваат околу 300 учесници. Здружението на правници постои неколку децении и во текот на нивната работа редовно го  издаваат месечното издание на „Правник“ списание каде се истануваат активностите и континуитетот
во работата на здружението.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top