socijalno

Им ја одзеле социјалната помош бидејќи имале возило пријавено на нивно име

Post Views: 3 Демо Илбер е жител на улица „Железничка“. Тој заедно со сопругата и нивните шест деца веќе неколку години преживуваат како знаат и умеат. И двајцата се невработени, а нивните две најстари деца одат и на училиште. Покрај сите сметки, тие плаќаат и 720 денари кирија за бараката во која живеат. Пред околу три години семејството Илбер било корисник на социјална парична помош во висина од 2.200 денари. Сега им ги укинале и овие пари бидејќи поседувале возило на нивно име. „Тоа возило сега е фрлено во отпад, се обидов повторно да аплицирам за социјална помош ама ме одбија,...

Continue reading

Ohrid

Ревидираната стратегија за развој на туризмот за едни одлична за други за менување

Post Views: 0 Ревидираната стратегија за развој на туризмот конечно е усвоена. На изготвувачите од ресорното министерство им требаа цели три години за нејзино финализирање. Во меѓувреме, во туризмот се работеше според ревидиран акционен план со важност од 2011 кој ќе трае се до 2015 година. Раководителот на секторот за туризам при ресорното министерство, Зоран Николоски вели дека е задоволен од  резулататите постигнати со примената  на  ревидираната Стратегија. Тој потенцира дека основната цел им била да ги согледаат и надминат досегашните слабости во туризмот, а резултатите  се веќе...

Continue reading

umetnost-protiv droga

Со уметноста против зависноста од дрога

Post Views: 0 Уметноста е еден вид убава зависност и добро е секој еден да се посвети на тоа. Оваа порака ја пренесоа младите охридски уметници, вклучени во проектот уметничка мрежа на социјална скулптура, во реализација на Културниот центар Медија Артист, како и во соработка со СВР – Охрид и нивниот проект „Дрога вистина и заблуди“. Портпаролот на СВР Стефан Димоски, вели дека за прв пат се случува една ваква соработка, која покажа голем квалитет. Тој потенцира дека бележат драстично намалување на нарко зависници кај младата популацијата од 15 до 18 год, што како резултат го препишува...

Continue reading

ilinden

Семејствата на жртвите во бродската несреќа ќе добијат по 4500 евра

Post Views: 18 Семејствата на 15-те бугарски државјани, кои што загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, ќе добијат по 4 500 евра од осигурување. Тоа го соопштија роднините на загинатите, пренесува Бугарското национално радио.Неколку месеци бугарските семејства преговараа за исплаќање на сумата, која се дава после договореното осигурување со македонска компанија. Во меѓувреме продолжува да се бара можност обештетување да плати и фирмата германски Лојд, која имаше издадено сертификат за техничка исправност на бродот. Трагедијата во Охридското езеро се случи...

Continue reading

NP Galicica

Министерството за транспорт и врски бара локации за сместувачки капацитети во НП „Галичица“

Post Views: 2 Министерството за транспорт и врски преку допис од Локалната самоуправа бара предлог локации за изградба на нови сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица. Во дописот уште стои и барањето Локалната да наведе и податоци за предметното земјиште и дали за истотот е изработена урбанистичка планска документација или пак постои постапка за изработка и дали постои изградена планска инфраструктура. „ Дописот е за изградба на мали хотели на сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица се до Охридското крајбрежје. Најверојатно се работи за такви парцели што можат да...

Continue reading

grobishta

Поефтини гробарината!

Post Views: 5 Надоместокот за гробарина доби нова цена! За среќа пониска од претходната. Ако за изминатата 2011 година добивте сметки во висина од 1200 денари годишно, според новата цена тие ќе изнесуваат 720 денари по гробно место. Ваква одлука падна на последната седница на Советот на општина Охрид. Претходната одлука да се плаќаат 1200 денари годишно, ги шокираше граѓаните и предизвика бурни реакции буквално насекаде. Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека граѓаните едноставно не добиваат услуга која навистина чини 1200 денари. Од ДПМНЕ сметаат дека цената...

Continue reading

ДОМ трибина

СОС за рибниот фонд

Post Views: 1 Зелената партија стравува од генетски колапс на ендемичните риби во Охридското Езеро. Во нивна организација и со сосоработка со Риболовното друштво Св. Апостол Петар, тие денес организираа трибина на тема „СОС за рибнинот фонд“. Претседателот на ДОМ од Охрид, Зоран Стрезоски вели, факт е дека се случи помор на плашицата и за сметка на тоа неможе институциите да играат пинг – понг, кој е одговорен. Тој смета дека треба да се детектира која институција затаила со цел да и се укаже, па да се преземат соодветни мерки за надминување на состојбата, како проблемот не би се...

Continue reading

нискоградба

ЈП„Нискоградба“ доби зелено светло за кредитното задолжување

Post Views: 1 Општината даде амин на кредитот за ЈП „Нискоградба“-Охрид. По многу натегања околу потребата за вакво кредитно задолжување, и остри реторики, „Нискоградба“ конечно ја доби очекуваната финансиска инјекција, ама засега само на хартија. Инаку станува збор за рамковен и исклучиво наменски кредит, кој ќе биде употребен за обезбедување на доволна количина обртни средства за претпријатието, како и подмирување на обврските за ДДВ спрема државата. „Тоа е рамковен кредит. Значи сиве јавни претпријатија во градов па и во државава имаат таков кредит. Тоа е можност во одреден период...

Continue reading

gradinka

Стартува доградбата на ЈДУ „Јасна Ристеска“

Post Views: 1 Започнаа градежните зафати за проширување на  западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Проектот  е финансиран од страна на Локалната самоуправа и треба да заврши со почетокот на учебната 2012/2013 година. Од општинскиот буџет за оваа намена  се одвоени околу 9 милиони денари. Со изградбата на новите простории се добиваат околу 75 слободни места за прифаќање на децата од предшколска возраст, нагласува директорката Марина Петровска Тодоровска. Најтешко ми е кога морам да им кажам на родителите кои бараа место за сместување...

Continue reading

entity

Охридските „кантерџии“ најдобри на Балканот

Post Views: 6 Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTITY, е повторно балкански шампион. Во конкуренција од 33 други екипи од дури седум држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Унгарија) ENTITY успеа да го освои турнирот без загуби ниту еден натпревар. За освоеното прво место ENTITY доби награда од 900 евра и 5 куќишта за компјутер од реноминираната компанија за компјутерски делови CoolerMaster. До финалето ENTITY стигнаа победувајќи ги екипите од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во групата која броеше 4 екипи. -Подоцна беше поразена...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Петрески: Не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината“

Post Views: 6 „Дојдовме до состојба да не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината, истакна градоначалникот Александар Петрески, на прес конференцијата како одговор на обвинувањата од советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Градончалникот потенцираше дека советниците на оваа партија ден пред седницата излегле со став дека општината треба да го откупи земјиштето на граѓаните кои имаат земјиште во нацрт урбанистичките планови на Табана и Ревиера. За да вчера пак истите советници кажаа дека немаат против да има градба на овие места, само таа градба да биде автентична и да нема...

Continue reading

press

ВМРО ДПМНЕ: „Го браневме правото Охрид да биде урбанистички заштитен од нападот на висококатници“

Post Views: 3 Вчера на седницата на Советот на Општина Охрид имавме  борба , борба за правдата , борба за вистината , за законитоста , пред се борба за Охрид.  Нашите аргументи во таа борба беа принципиелни и беа пред се врзани за мислењето на стручните институции кои јавно и јасно укажаа дека Деталните Урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера во центарот на Охрид , немаат одобрување да бидат точки на седницата на Совет. Тука застанавме на страна на процедурите и законитоста и таквиот став го браневме до крај, истакна координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски. „Исто така...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top