Охридските „кантерџии“ најдобри на Балканот

Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTITY, е повторно балкански шампион.

 |   | 
entity
entity

Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTITY, е повторно балкански шампион.

Во конкуренција од 33 други екипи од дури седум држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Унгарија) ENTITY успеа да го освои турнирот без загуби ниту еден натпревар.

За освоеното прво место ENTITY доби награда од 900 евра и 5 куќишта за компјутер од реноминираната компанија за компјутерски делови CoolerMaster.

До финалето ENTITY стигнаа победувајќи ги екипите од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во групата која броеше 4 екипи.

-Подоцна беше поразена уште една екипа од Србија, па романските претставници, потоа најдобрата екипа од Србија. Во финалето ENTiTY ги одмери силите со најдобрата бугарска екипа, финале кое претставуваше реприза на финалето на претходниот Балкански шампионат во Грција. Овој пат наместо со 2-1, Бугарите беа поразени со чиста 2-0 победа, се вели во соопштението од ENTITY.

Турнирот Gamestation Gigatron се одигра во истоимениот интернет клуб во белградскиот трговски центар Delta City.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top