Со уметноста против зависноста од дрога

Проектот на СВР – Охрид, „Дрога вистина и заблуди“, со позитивни ефекти. Ако крајот го краси делото, овој пат, Димовски има со што да се пофали.

 |  Биљана Николоска  | 
umetnost-protiv droga
уметност против дрога

umetnost-protiv drogaУметноста е еден вид убава зависност и добро е секој еден да се посвети на тоа. Оваа порака ја пренесоа младите охридски уметници, вклучени во проектот уметничка мрежа на социјална скулптура, во реализација на Културниот центар Медија Артист, како и во соработка со СВР – Охрид и нивниот проект „Дрога вистина и заблуди“. Портпаролот на СВР Стефан Димоски, вели дека за прв пат се случува една ваква соработка, која покажа голем квалитет. Тој потенцира дека бележат драстично намалување на нарко зависници кај младата популацијата од 15 до 18 год, што како резултат го препишува на успешна реализација на проектот „Дрога вистина и заблуди“.
Успеа идејата, уметноста да се понуди на најразлични целни групи во конкретниов случај кај деца и младинци на возраст од 10 до 14 години, вели Јасмина Билаловиќ, од „Медија Артист“. Додава дека ова е еден добар пример да се согледа оти уметноста се користи како средство за креативен израз за развивање на индивидуални, социјални вештини и себе израз, во правец да се зајакне самата личност и истата да е помалку подложна на одредени социјални девијантни појави од типот на злоупотреба на дроги.
umetnost-protiv drogaУметникот Ели Аиноска Христоска, вели дека децата го изработуваат завршното дело и во него преку колаж ги внесуват сите претходно стекнати вештини. Таа потенцира дека изработената слика пренесува еден вид на порака, насочена кон подобра иднина каде едноставно самите деца се отргнуваат од лошите пороци.
И младите уметници учесници во проектот, кои се селектирани од сите О.У. од општинава, сработеното го рачунаат за добар допринос во борбата против најголемото зло на денешницата, дрогата.
Во проектот на СВР – Охрид, „Дрога, вистина и заблуди, кој се спроведува од 2008 година во четири општини Охрид, Струга, Кичево и Дебар, само во првата година биле едуцирани 25 000 ученици од основните и средните училишта во сите општини и околу 9 000 родители. Проектот ја доживеа и својата албанска и турска верзија, бидејќи целта била да се опфатат сите ученици и превентивно да се делува, велат од СВР. Оттаму сметаат дека проектот треба да продолжи, бидејќи показателите за бројот на нарко зависници драстично се во опаѓање кај целните групи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top