Post Views: 10
Локалната со реакција за изјавите на државниот секретар на Министерството за животна средина, Соња Лепиткова во врска одржувањето на каналот Студенчишта. Во неа стои:„Со Охридското Езеро и крајбрежието стопанисува државата и нејзините надлежни органи , па логично е тие да се гржат за неговата заштита.Тоа треба да го знае државниот секретар на Министерството за животна средина Соња Лепиткова, која во вчерашната изјава побара локалната самоуправа да го чисти езерото, наместо тоа да го побара во нејзиното министерство и во Владата.
Градоначалникот Александар Петрески...
Post Views: 21
Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната.
Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо...
Post Views: 3
Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред.
„Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар...
Post Views: 13
Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности каде комуналниот ред...
Post Views: 1
Се можеш да заборавиш, ама данок не! Македонскиот синдром, се да се прави во последен момент, важи и за оваа законска обврска на граѓаните. Секој граѓанин кој остварил приходи во земјата или странство, во текот на 2011 година, должен е истите да ги пријави во Управата за Јавни приходи, со поднесување на годишна даночна пријава, освен граѓаните кои оствариле приходи од плата, пензија, самостојна дејност или земјоделска дејност. На охриѓани, изгледа и на само една недела до истекот на крајниот рок, не им се брза.
„Крајниот рок е 15-ти март. Побарав малку помош од персоналот...
Post Views: 8
Дали конечно најпрестижниот фестивал во Македонија и пошироко, Фестивалот Охридско лето ќе добие директор? Од Министерството за култура велат дека на последниот конкурс кој заврши вчера, а беше распишан поради поднесувањето на оставката на последниот директор, Васко Василески, за ова престижно, но жешко место биле пријавени шест кандидати. Министерката Елизабета Канческа- Милевска со сите нив ќе има блиска средба в четврток кога подетално ќе ги разгледа програмите и да се надеваме конечно ќе одлучи кој ќе го поведе фестивалот во нови успеси.
Post Views: 1
И покрај децениската потреба од изградба на марина, Охридското езеро ќе добие мини пристаништа. Планирано е да се монтираат мали пристаништа на пет локации, од кои четири во општина Охрид, на плажите Љубаништа, Магнус, Куба либре и Немо. Во неодамна објавениот акционен план на Министерството за транспорт и врски за нивна изградба, стои дека поставувњето ќе претставува една од обврските за идните закупци на плажите.
„Обврската на концесионерот е да го постави ова понтонско пристаниште.Онаму каде има концесионери, тие треба да најдат кој ќе го изведи ова, а во другиве...
Post Views: 1
Климентина Кралевска од селото Горна Белица одлучила својата викендичка да ја издава на домашни и странски гости, а со тоа да си го зголеми семејниот буџет. Таа за прв пат се одлучила на ваков чекор откако ги посетувала обуките за развој на ваков вид на туризам. Нејзините очекувања се прилично оптимистички. Таа вели дека местото е многу убаво, се наоѓа на 1600 м надморска височина што многу позитивно влијае на здравствента состојба, а ги има и сите останати услови како добра патна инфраструктура, водоводна мрежа и електрична енергија. Развојот на селскиот туризам во...
Post Views: 1
Деновиве, помеѓу охриѓани повторно станува актуелна веста дека дуќаните во охридската чаршија ќе се надградуваат. Кај загрижената јавноста се повеќе се подгрева стравот дека доколку оваа информација е точна градот е на пат да ја изгуби душата на старата охридска чаршија. За да дознаеме колку вистина има во колуарските кажувања се обративме до секторот за урбанизам и просторно планирање и до охридскиот Завод и Музеј. Портпаролот на Локалната самоуправа Симон Илиески кажува дека постапката за доградбите на дуќаните е во завршна фаза. Се чека само крајниот збор на Министерството...
Post Views: 19
Охридската јавност веќе неколку недели ја брануваат случувањата со угинувањето на плашицата во каналот Студенчишта. Како тоа да беше малку, вчерашните препукувања околу тоа кој бил виновен за политизирање на целиот проблем, дополнително ја усложни ситуацијата. Од коментари со политичка конотација денес се огради државниот секретар при министерството за животна средина, д-р Соња Лепиткова. Таа посочи дека грижата за овој чувствителен еко-систем треба да биде на исклучително ниво и дека ова е проблем кој не засега сите. Д-р Лепиткова го потврди веќе добро познатиот став...
Post Views: 5
Премногу политика околу проблемот со водата која ја пијат Охриѓани, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој денеска на пресс конференција обвини дека наводни експерти деновиве собираат политички поени, велејќи дека поради прекумерната урбанизација на градот, угинува плашицата во каналот Билјанини Извори, а охриѓани ќе останат без вода за пиење.
„Одговорно тврдам дека изворите во Бејбунар и Билјанини Извори, доаѓаат од Галичица, место каде нема никаква урбанизација, а не прекумерна, вели градоначалникот.
Тој појасна и дека спорните извори за кои локалната е најмногу...
Post Views: 17
Распит на сведоци и барање за ново вештачење. Новото судско рочиште за глисерската несреќа започна со распитот на двајцата сведоци, Данаил Шајноски и Богоја Мангоски, сопственик и вработен во ресторанот „Летница“ од С. Радожда, кои пред основниот суд во Охрид посведочија дека на критичниот ден, семејството Муцунски, биле гости во нивниот ресторан. Истите се задржале во ресторанот неколку часа, каде освен ручекот, поделиле едно шише вино од 0,2 дл и додека сеуште било ден, со своите пловни објекти заминале накај Охрид. И двајцата сведоци потврдија, дека почината Ирина...