Селскиот туризам носи пари

Развојот на руралниот туризам, нова можност за заработка на мештаните од селата.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ruralen turizam
рурален туризам

ruralen turizamКлиментина Кралевска од селото Горна Белица одлучила својата викендичка да ја издава на домашни и странски гости, а со тоа да си го зголеми семејниот буџет. Таа за прв пат се одлучила на ваков чекор откако ги посетувала обуките за развој на ваков вид на туризам. Нејзините очекувања се прилично оптимистички. Таа вели дека местото е многу убаво, се наоѓа на 1600 м надморска височина што многу позитивно влијае на здравствента состојба, а ги има и сите останати услови како добра патна инфраструктура, водоводна мрежа и електрична енергија. Развојот на селскиот туризам во регионот на Јабланица од македонска страна ќе се прави со нудење на три пакети како традиционална храна, културно наследство и природни богатства. На ваков начин ќе се привлекуваат странските туристи особено холанѓаните кои се многу заинтересирани за ваков вид на туризам. Секое село е приказна за себе, а сепак сите три се поврзани во една целина. Инфраструктурата во овие рурални средини е на солидно ниво, а туристите во нивните недопрени убавини би можеле да уживаат од крајот на април па се до септември.

Христијан Ковачески, од Здружението за рурален развој и заштита на животната средина, „Парумба“ вели дека во месец септември имале една тура организирана заедно со локалните агенции. Импресиите се позитивни и се очекува до крајот на мај да стигнат првите гости.

ruralen turizamАгенцијата за подршка и промоција на туризмот уште минатата година изготвила програма за развој на руралниот туризам. Од таму сметаат дека регионот на Јабланица е посебно интересен и погоден за развој на ваков вид на туризам поради специфичниот биодиверзитет со кој располага, а и поради еколошката животна средина.
Владо Суклоски од агенција за подршка и промоција на туризмот вели дека ваквиот начин на развој на рурален туризам се повеќе се разработува. Од ресорното министерство побарани се и финансиски средства за развој на некои рурални средини.
Сега државата е на потег. Бидејќи интерес кај мештаните и туристите постои, Министерството за економија треба да издвои средства за развој на руралниот туризам. До пари може да се стигне и со добра едукација на граѓаните како да ги искористат средствата на странските претпристапни фондови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top