Охриѓани пијат вода од езеро, преработена во пумпната станица во Метропол

Премногу политика околу проблемот со водата која ја пијат Охриѓани, смета градоначалникот Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
presuseni izvori
Билјанини извори

Премногу политика околу проблемот со водата која ја пијат Охриѓани, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој денеска на пресс конференција обвини дека наводни експерти деновиве собираат политички поени, велејќи дека поради прекумерната урбанизација на градот, угинува плашицата во каналот Билјанини Извори, а охриѓани ќе останат без вода за пиење.

„Одговорно тврдам дека изворите во Бејбунар и Билјанини Извори, доаѓаат од Галичица, место каде нема никаква урбанизација, а не прекумерна, вели градоначалникот.

Тој појасна и дека спорните извори за кои локалната е најмногу обвинета што охриѓани немаат доволно вода, до пред само неколку месеци слободно течеле и го поплавувале потегот кај Комуналец, по што одлуката на локалната била да ја каптираат водата и да ја спроведат во систем за пиење на МЈП Проаква, со што ЈП добило дополнителни 100 литри вода во секунда.

„ Во однос на другите извори кај Билјанини се работи за природна појава каде нема доволно вода. Таа вода пресушува и ние немаме контрола над неа. Дел од таа води оди за Проаква, а дел во каналот, вели Петрески.

kanalГрадоначалникот истакна дека со Хидробилошкиот институт се договориле да изработат заеднички проект, со кој, нема да зависиме од природните појави. Целта е со овој проект да се избуши и извади нова вода, која би ги задоволувала потребите на каналот Билјанини Извори. „Иако немаме ингеренции за каналот, во интерес на градот, ние како локална, финасиски ќе го поддржиме овој проект“, вели градоначалникот. Тој обвини дека миниистерствата за животна средина и транспорт и врски, како надлежни за каналот, истиот не го имаат исчистено од тиња над 40 години, со што се затворени изворите и не влегува  чиста вода во каналот. Градоначалникот посочи уште еден проблем поради кој езерото нема доволно вода.

„ Охридското Езеро за да има доволно вода треба помалку да се  користи како акумулација.
Охридскотот езеро сега нетреба да го третираат само како акумулација, затоа што сега тоа е најголемиот бизнис во Македонија и светот.
Треба максимално да се затворат браните за езерото да дојде на дозволем минимум. Долго време езерото го држат под минимум, а со тоа го кршиме законот. Единствено задолжени за оваа проблематика се од ЕЛЕМ,затоа што доколку продолжат вака постојано ќе им фалат милиони кубици вода“, вели градоначникот.

ezeroПетрески е категоричен дека локлната самоуправа со ништо не допринела за моменталната состојба на езерото. Првиот човет на Охрид откри дека подолго време се размислува, но и дека биле направени првите разговори со претседателите на Македонија Ѓорѓе Иванов и на Албанија Бамир Топи, двете држави да купат специјален повеќенаменски брод смукалка, кој би го чистел езерото од тиња  и од други нечистотии. Бродот чини околу 5 милиони евра, но доколку би го купиле двете држави инвестицијата е исплатлива, затоа што не само што ќе се чисти езерото од тињата, туку доколку тињата се измеша со земја се добива хумусна земја идеална за органско производство на храна, категоричен е Петрески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top