Post Views: 1
Граѓаните во шок. Последниот удар кој на нивниот семеен буџет им го нанесе Регулаторната комисија со одлуката за уште едно зголемување на цените на нафтените деривати, крајно ги револтира. Трпи нивниот семеен буџет, трпат нивните бизниси, очајни се граѓаните.
„За мене лично, права катастрофа, за сол не можам да заработам, а камо ли за леб, не ме удира само мене, ги удира сите во општеството и ако може да поефтини, а не да поскапи, зошто за сол нема да извадам“ се жалат граѓаните.
Па работиме со градежништво, имаме три-четири возила, безин трошам по 500-600 евра месечно...
Post Views: 5
За директор на „Охридско лето“ е избрана Елизабета Јанкуловска, досегашната советничка за недвижно културно наследство на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција.
Програмата на кандидатот е конципирана во неколку дела кои детално...
Post Views: 9
Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...
Post Views: 5
Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.
Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека...
Post Views: 3
Подизведувачот на градежните работи „Илинден“ ќе ги санира проблематичните шахти на Железничка.
Санацијата на оваа улица ја побарал Надзорниот орган на Агенцијата за државни патишта. Директорот на ГП„Илинден“, Раде Трајкоски има објаснување за проблемот со шахтите. Тој за ТВМ потврдува дека главоболка им задаваат шахтите каде што поминува линијата на стариот колектор. Трајкоски истакна дека за санација на проблемот веќе нарачале специјални капаци за шахти од увоз, кои ќе бидат поставени веднаш по пристигнувањето. Исто така, Трајкоски кажа дека со подобрување на временските...
Post Views: 1
Нов оглас, со нови обврски. Уште неколку дена до распишување на новиот оглас за краткотраен закуп на охридските плажи, а заинтересираните се соочуваат со најавата за доплнителната обврска, поставување на мини пристаништа, на пет охридски плажи. Од потенцијалните концесионери, сега за сега молк.
Повеќето од поранешните закупци на плажите, на кои според акциониот план на МТВ треба да се постават понтонските пристаништа, не сакаат да коментираат се додека не се знаат условите во огласите за давање на плажите под краткотраен закуп, кои пак треба да се распишат до крајот...
Post Views: 0
10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“, Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство...
Post Views: 0
Претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски, на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ го преведе како „ДНО“ на политичката и воопшто човечката комуникација. Тој обвини дека човек не може да поверува до кои граници може да оди фрустрацијата, приземноста и некултурата на една партија, поточно како што кажа на таканаречени политичари кои во Охрид ја претставуваат Партијата која шест и пол години е на власт во Република Македонија. Јованоски крајно разочаран по вчерашните обвинувања од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Михаилов кој во изјавата...
Post Views: 8
Шаренило од здолништа, корсети, шешири, вратоврски и торбички изработени од најлонски кеси беа прикажани на несекојдневна модна ревија во ОУ„Братство Единство“. Учениците од неколку шести и седми одделенија, по повод Денот на жената 8-ми март, пред своите другари и наставници покажаа што умеат да изработат со нивните вешти раце. Малите модни креатори беа и манекени и водители, возбудени и задоволни од модното случување во нивното училиште.
Учениците својата креативност ја изразиле на часовите по изборниот предмет “Вештини за живеење“ од областа облека и мода. Идејата...
Post Views: 8
Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале...
Post Views: 0
Кривична пријава за тешки кражби и 30 дневен притвор заработи 24-годишниот охриѓанец Б.Т., соопшти денес Министерството за внатрешни работи.
Лицето е осомниченo за сторени 14 кражби извршени од декември минатата до февруари оваа година на подрачјето на Охрид.
Како што соопшти МВР, охриѓанецот со употреба на штрафцигери, успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа, со кршење на стаклото и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти во Охрид.
Од ограбени места, тој одземал пари, повеќе LCD и LG...
Post Views: 1
Петрески рече дека Михаилов одржал пресс пред Општинската зграда и посака цел живот да одржува пресови пред зградата, а внатре никогаш да не влезе и додаде дека тој ќе влезе во зградата на болницата за да испита каков криминал е направен таму. Петрески рече дека Михаилов изнесува во јавноста невистини и лаги затоа што е во паника зошто му се ближи крајот. Тој кажа дека Локалната има направено многу капитални инвестиции за што секогаш дава отчет пред граѓаните. Тој побара сметка од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, но и од Владата зошто граѓаните се доведени на работ на егзистенција.{loadposition...