Наркозависник пустошел низ Охрид

Кривична пријава за тешки кражби и 30 дневен притвор заработи 24-годишниот охриѓанец Б.Т., соопшти денес Министерството за внатрешни работи.

 |   | 
narkos
разбојник

Кривична пријава за тешки кражби и 30 дневен притвор заработи 24-годишниот охриѓанец Б.Т., соопшти денес Министерството за внатрешни работи.

Лицето е осомниченo за сторени 14 кражби извршени од декември минатата до февруари оваа година на подрачјето на Охрид.

Како што соопшти МВР, охриѓанецот со употреба на штрафцигери, успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа, со кршење на стаклото и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти во Охрид.

Од ограбени места, тој одземал пари, повеќе LCD и LG телевизори, сребрени монети и златен накит. Исто така од приватна ординација, одзел  неколку лекарства и ампули “Тродон“. Со извршените тешки кражби, пријавениот, се стекнал со противправна имотна корист од над 500.000 денари.

Полицијата по добиените сознанија извршила претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени сет на штрафцигери и друг алат погоден за извршување кражби, повеќе ампули „Апаурин„ и „Кетонал„ нагорени алуминиумски фолии со траги од кафеава прашкаста материја, кои се испратени на вештачење.

По преземени криминалистичко-технички мерки, од страна на оперативците, и извршено  споредување на одземените предмети, констатирано е нивно совпаѓање со трагите кои се нанесени на влезните врати од обиените објекти.

Инаку, пријавениот, е познат извршител на казнени дела и наркозависник против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top