Post Views: 0
Се ситнат деновите од месец Март, а пререгистрацијата на невработените оди бавно. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во неколку наврати апелираа оваа пререгистрација да се изврши што е можно побрзо, меѓутоа заинтересираноста засега мала. Дали поради неажурност или неинформираност, од приближно 5.700те невработени лица осигурени на товар на Министерството за здравство, досега во Охрид се пријавиле нешто помалку од половина. Оние малку невработени лица кои ги затекнавме пред подрачното одделение на Фондот, ги запрашавме дали се запознаени со оваа...
Post Views: 3
Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец...
Post Views: 9
Операциите на очи кои до пред некоја година се изведуваа во странство, денес се вршат кај нас. Поликлиниката „Систина Офталмологија“, денес може да се пофали дека работи со добро обучен тим на хирурзи посебно за оперативните зафати од посериозен карактер, вели д-р Виолета Бучкоска Николоска. Додава дека во интерес на пациентите имаат добра соработка со Фондот за здравство.
„Тоа се однесува најчесто за компликација во очите која што настанува кај шеќерната болест, односно пролиферативната дијабетична ретинопатија, исто така и јаблациите односно одлепувањето на мрежницата....
Post Views: 21
Дејан Блажески е новиот претседател на општинската организација на Либерално-демократската партија од Охрид. Шестото по ред годишно собрание на партијата донесе промени во раководните структури, и ги постави целите на ЛДП за претстојниот период. Сите 100 делегати гласаа ЗА, за единствената поднесена кандидатура, со која Дејан Блажески стана нов претседател на охридската ЛДП.
„Јас се надевам и ветив пред делегатите и присутните дека чесно и одговорно ќе ја вршам оваа функција и дека ЛДП се наоѓа повторно на стазите на кои што беше порано. А, доказ дека постоиме после...
Post Views: 0
Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања комплетна...
Post Views: 0
Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација. Тие ќе градат пријателски релации со останатите колеги од светот. Соработките ќе можат да ги развиваат во неколку области од културата, спортот и туризмот. Сега, низа придобивки на македонските полициски службеници ќе им бидат овозможени со влезот во Интернационалната полициска асоцијација. Од денес и македонските полицајци се дел од меѓународната асоцијација во која членуваат околу 300.000 полициски службеници од 63 земји. Претседателот на регионалната охридска секција, Стефан Димоски...
Post Views: 2
Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, а поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст Охрид во соработка со Очната Клиника “Систина Офталмологија”, повторно организираат бесплатно мерење на очниот притисок, кое ќе се реализира на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид, на 18.03.2012 г., недела, од 11-13 ч.
Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок, ќе им бидат давани потребни совети и информации за...
Post Views: 1
Карлос Слим, кој според најновата листа на „Форбс“ е најбогат човек на светот со 69 милијарди долари ќе учествува на ИТ конференција во Охрид која ќе се одржи од 31-ви март до 2-ри април.
Карлос Слим, кој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, сега работи и во областа на трговијата, финансиите, суровините и енергетиката.
Минатата година стана сопственик на акции во синџирот продавници „Сакс“ и издавачката куќа „Њујорк тајмс“.
Освен Слим, во Македонија доаѓаат и првите луѓе на телекомуникациските гиганти.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле.
„Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено во една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена,...
Post Views: 2
О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца...
Post Views: 0
Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години.
„Крводарител станав уште како војник од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички...
Post Views: 9
Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот систем
Раководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит...