Како да се дојде до лекарско боледување?

Седум дена боледување без проблем, над седум, малку потешко-велат матичните лекари.

 |  Мишел Наумоски  | 
fzom
фзом

Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања комплетна крвна слика маснотии шеќер во крвта задолжителен ЕКГ, преглед од интернист. Без лабораториски наод, без ЕКГ, без преглед од интернист во никој случај не можеме да продолжиме боледување. Ако без овие документи го продолжиме боледувањето ние сигурно ќе бидеме подложени на дополнителни контроли и веројатно и ќе бидеме казнети.“-вели Примариус Д-р Величе Маркоски, лекар по трудова медицина.

Primarius D-r Velice Markoski„За жал овие дополнителни документи, дополнителна медицинска документација, дополнителни извештаи се бараат со новиот правилник, по новиот критериум и сепак претставува тешкотија. Болниот треба да се хоспитализира, ако се хоспитализира многу полесно ќе се направат овие испитувања бидејќи болниот е во стационар, ќе се направи потребната документација.“-вели Примариус Д-р Величе Маркоски-Лекар по трудова медицина.

Д-р Маркоски додава дека токму пациентите кои имаат потешки и посериозни заболувања имаат најмногу процедури додека добијат боледување. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека нема некои големи измени во новиот правилник. Од таму додаваат дека и досега биле слични процедурите. Едно од објаснувањата зошто се направени ваквите измени е дека на тој начин и матичните лекари, а и Фондот ќе се заштитат од пациентите-измамници кои не се болни, а бараат боледување. Д-р Маркоски не се сложува со ова.

zgrada FZOM„Не верувам во денешно време дека некој би направил таква злоупотреба да би го оштетиле Фондот бидејќи знаеме дека никогаш здрав човек не би отишол на некакво испитување непотребно да бара боледување ако не постои болест. Секогаш тврдам како специјалист точно по оваа гранка, дека пациентот секогаш кога има потреба навистина  кога има потреба по медицинска индикација никогаш ние како доктори не смееме да му го одезмеме правото на она што навистина го заслужува.“-рече Д-р Маркоски.

Тој додава дека пред донесувањето на овој правилник, матичните лекари имале право да издаваат боледувања и до 15 дена како и дека постапката за издавање на тие боледувања била доста полесна. Тој вели: „Со нашата оценка дали пациентот заслужува боледување и дали постои болест, полесно издававме боледување, а по 15 дена го упатувавме пациентот до лекарската комисија со извештај во зависност од заболувањето, па потоа лекарската комисија, која беше дел од Фондот, одредуваше дали и колку пациентот ќе користи боледување.“
Дали Фондот и матичните лекари ќе се спасат од измамниците или пак вистинските пациенти ќе се измачат да дојдат до боледување, веројатно ќе мора да почекаме до 1ви Април за да видиме кој добива, а кој губи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top