Post Views: 6
Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења.
За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...
Post Views: 7
Полни раце работа за интернистите во Општата болница. Продолжениот празничен викенд се покажа и тоа како работен за нив. Се чини Охриѓани баш си го сакаат јагнешкото и велигденските јајца бидејќи добар дел и претерале со ваквата храна. Ова особено станува проблем поради долгиот период на велигденски пости. Според лекарите, токму наглото консумирање на мрсна храна по постот е главната причина за јавување на тегобите. Во Интерното одделение при Општата болница само за овие неколку дена регистрирале преку 180 случаи на пациенти кои прекумерно консумирале мрсна храна викендов.
„Ние...
Post Views: 5
Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро. Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...
Post Views: 22
Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност.
„Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...
Post Views: 94
Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор.
Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...
Post Views: 2
На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици.
Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...
Post Views: 9
Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман.
„Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи...
Post Views: 10
Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед.
„Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...
Post Views: 7
Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена.
Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош.
„Тоа го правиме навистина...
Post Views: 2
Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден.
Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува добриот...
Post Views: 1
Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска...
Post Views: 5
Рибарите од СРК „Св. Апостол Петар“ од Охрид испратија последен поздрав до своите колеги – рибарите кои денеска ќе бидат погребани во Скопје.
Скопјаните Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски и Филип Славковски, сите на возраст од околу 20 години, како и Борче Стефковски (45), биле убиени завчера кај вештачкото езеро кај скопското село Смилковци. Полицијата официјално нема осомничени за убиството ниту, пак, има информации околу можните мотиви за грозоморниот чин.
{loadposition content9}