biljana socijalno

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 9 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Continue reading

karti humanitaren koncert

Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Post Views: 2 Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.   „ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин. Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...

Continue reading

perivlepta

Највредниот живопис во Македонија

Post Views: 7 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години на...

Continue reading

sileks

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 0 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Continue reading

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Post Views: 7 Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски. „Доколку ги исполнат договорите...

Continue reading

kalendar

Талентирани деца има и во Охрид

Post Views: 3 Десарт, Дјелза и Деа Елмази се три исклучително талентирани второоделенци, чиј што најголеми интереси се музиката, ликовната уметност и математиката. Сите тројца литературно говорат и три јазици. Своите големи интелектуални способности несебично ги користат за да им помогнат на своите другарчиња од училишните клупи. Нивната мајка Шпреса Скоро Елмази, вели дека нејзините деца се надполнуваат меѓу себе кога станува збор за нивните таленти, но одговорноста  да се биде родител, да им се помага на три волку талентирани деца е огормна. „ Тие сами навистина и повеќе од мене...

Continue reading

carsija

Охрид- интересен шехер

Post Views: 2 Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу другите...

Continue reading

svilar

Нема благодарам за мојот хуманизам

Post Views: 4 Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби. „Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов...

Continue reading

plazi koncesii

Само пет охридски плажи добија концесионери

Post Views: 8 Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на  електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се концесионерите...

Continue reading

testiranje TOP 10

Лајонс клубот „Охрид“ ги избра најдобрите ученици

Post Views: 10 Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика.  Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање. Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

kucinja skitnici

Стерилизација или азил за кучињата скитници

Post Views: 9 Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top