Post Views: 39
Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти.
„Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор...
Post Views: 4
На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница.
Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише.
Искуството од минатите години покажа...
Post Views: 3
Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци.
Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид...
Post Views: 15
Серија земјотреси со епицентар на 25 километри северно од Охрид, во подрачјето на Илинска планина, се регистрирани во петок во раните утрински часови.
Најсилниот е регистриран во 05:44 часот со интензитет од шест степени според Европската макросеизмичка скала во епицентралното подрачје, во Битола, Дебар, Крушево, Кичево и Охрид со јачина од пет степени, додека во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар со интензитет од 4-5 степени. Земјотресот со послаб интензитет е почуствуван и во југоисточна Македонија.
Втор земјотрес е регистриран во 05:49 часот, кој во епицентралното...
Post Views: 19
Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.
„Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...
Post Views: 1
Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат работните...
Post Views: 9
Културно лето во Охрид. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Уште утре љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во вокалните можности на Луиза Мара Рустеми, гостинка од Поградец- Албанија. Ова гостување е резултат на заедничката соработка на Центарот за култура од Охрид и Поградец. Концертот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен. На 10 јуни пак балетското студио „Визави“ ќе го одржи својот завршен концерт. Ова студио работи веќе 4 год. и тоа со неколку групи. Има членови од најмала возраст,...
Post Views: 2
вогодинешната програма за поставување на урбана опрема, парче харитја со хаотично исцртани квадратчиња, обвини советничката Јованка Дамоска Секулоска. Таа додава дека прогамата треба да ги одразува специфичните културни и природни карактеристики на Охрид како туристичка дестинација. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ и со обвинувања, дека ни годинава не ЛС не инвестирала ни денар во типизирани штандови за продажба на производи.
„Со право можеме да го псотавиме прашањето, дали локалната самоуправа е таа која ја наплаќа таксата за поставена опрема или таксата оди вово други џебови,...
Post Views: 1
Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми.
„Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата што...
Post Views: 0
Македонија е на високото 14-то место во Европа според слободниот пристап до информации од јавен карактер. Законот постои од 2006-та, но некои навики, тешко умираат.Многу ретко барателите на информации било да се физички или правни лица па дури и медиумите, не го користат правото кое им го овозможува Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер, вели Цветан Станоески од Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
„Секогаш се користат некои други канали, се знаеме ке кренеме телефон, ќе ја добијам информацијата или ако не ја добијам нема...
Post Views: 39
Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки.
„Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...
Post Views: 5
Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...