Охрид летово ќе доживее вистинскo културнo освежување

Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Концерти, фестивали, перформанси, настани за сечиј вкус

 |  Јаковлева Лионела  | 
dragana bocevska
драгана боцевска

Културно лето во Охрид. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Уште утре љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во вокалните можности на Луиза Мара Рустеми, гостинка од Поградец- Албанија. Ова гостување е резултат на заедничката соработка на Центарот за култура од Охрид и  Поградец. Концертот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен. На 10 јуни пак балетското студио „Визави“ ќе го одржи својот завршен концерт. Ова студио работи веќе 4 год. и тоа со неколку групи. Има членови од најмала возраст, но и повозрасни. Тие имаат одржано повеќе концерти во и надвор од државава. Гости на концертот ќе им бидат некои од учесниците на фестивалот „Распеано рибарче“, децата од најголемата група од градинката „Јасна Ристеска“, како и најмалите групи од КУД „Охриѓанка“ и КУД „Отекс“. Влезот чини 50 ден, а за деца помали од 5 год. и за социјални случаи е бесплатен.centar za kultura

Секој настан има своја публика. Ние се трудиме да ги задоволиме вкусовите на сите генерации, вели Драгана Боцевска, директорката на Центарот за култура „Григор Прличев.“

Таа кажува дека интензивно се подготвуваат и за останатите културни настани. Од 29 јуни до 5 јули ќе се одржи Фестивалот на француски филм. Потоа следува 51 издание на „Балканскиот фестивал“, а индиректно се вклучени и во реализацијата на фестивалот „Охридско лето“.

Новина оваа година ќе биде и тоа што ќе организираат повеќе концерти и перформанси на отворена сцена и тоа на платото пред Центарот за култура.

Во преговори сме со некои рок бендови од градов, а и со некои фолклорни групи. Ќе има од се по нешто, вели Боцевска

Охриѓани и гостите ќе имаат богата културна понуда ова лето. Ни недостасува уште навика за посета на ваквите настани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top