Расте бројот на објекти за игри за забава и среќа, а во подем е коцкањето

Post Views: 3 Во Охрид има 52 кладилници и обложувалници.Три охридски трговски друштва имаат регистрирано дејност коцкање и обложување, а дури 49 фирми надвор од Охрид имаат отворено коцкарници и обложувалници како свои подружници во Охрид според податоците од Централен регистер. Како што од ден на ден се повеќе расте нивниот број во градот како спортски кладилници, слот апарати, рулет апрати и коцкарници паралелно е во пораст и бројот на граѓани кои се навлекуваат на разни видови коцкање и обложување. Коцкањето како облик на зависност не ги заобиколува и адолесцентите. Затоа е многу...

Continue reading

Нема пречки за обединување

Post Views: 8 “За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека  национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер најавил...

Continue reading

Бакојани и Нимиц

Нимиц ги продолжува преговорите во Атина

Post Views: 6 Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, ден откако се сретна со државниот врв во Скопје, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името. Специјалниот посредник на Обединетите нации по прашањето за разликите околу името Грција и Македонија претпладнево ќе има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, соопштено е официјално во Атина. Според агендата, не е предвидено Нимиц да има средби на повисоко ниво во Атина. Нимиц пристигна во Грција, по дводневната посета на Македонија, во рамки на која оствари средби...

Continue reading

Жителите од Бараки и Видобишта бараат подобра комунална инфраструктура

Post Views: 15 Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и  „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски.      Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец ќе засади...

Continue reading

Светски ден за едукација за заштита на животната средина

Post Views: 16 ОД НП „Галичица“ со порака дека еколошката едукација ја создава платформата која ги зголемува знаењето и свеста за животната средина околу нас. Ова е неопходно за заштитата на животната средина, затоа што само знаењето за биодиверзитетот и другите значајни природни карактеристики, ќе обезбедат основа за соодветно однесување за заштита на природата. Само врз ваква основа може да се подигне јавната свест за проблемите поврзани со урбанизацијата, цврстиот отпад, шумските пожари, загадувањето на водата и воздухот, неконтролираното собирање на недрвни шумски производи и...

Continue reading

Првата порака на Путин на Твитер

Post Views: 2 На социјалната мрежа Твитер неодамна е овозможено прегледување на првите пораки на сите корисници. Еве на кого му ја посветил својата прва порака претседателот Путин. Не требаше многу некој да се сети да го прегледа профилот на рускиот претседател Владимир Путин чиј прв твит објавен на неговиот службен профил на англиски јазик, денес делува многу иронично. Владимир Путин својот прв твит го упатил ни малку ни повеќе туку на американскиот претседател Барак Обама. “Му честитам на избраниот претседател на САД, Барак Обама”, стои на првиот твит од претседателот Путин кој...

Continue reading

Nimic i Gruevski

Средба на медијаторот Нимиц со претседателот и премиерот

Post Views: 12 Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц претпладнево, на одвоени средби, ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов и  со премиерот Никола Груевски. По средбата со Груевски во Владата се предвидени изјави за медиумите. Медијаторот вчера попладне беше примен од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По средбата, која траеше речиси час и половина, тој не кажа дали дошол во Македонија со нов предлог. Само оцени дека разговорот со шефот на дипломатијата бил, како што рече, многу добар и долг. Нимиц пред две недели во Женева се сретна...

Continue reading

На 9-ти јуни седница за разрешување на албанскиот претседател

Post Views: 5 На седницата ќе се расправа по извештајот на парламентарната анкетна комисија, која од 7 мај прибираше докази, по што претседателот Алкет Хисени, информираше дека е утврдено дека шефот на државата ги прекршил уставните надлежности. Според комисијата, претседателот Мета дури 16-пати ги прекршил уставните надлежности, пред и по парламентарните избори на 25 април, што главно било утврдено од процената на неговите изјави и објави во медиумите и на социјалните мрежи. Гласањето за разрешување на шефот на државата, што се случува за првпат во плурална Албанија, ќе биде тајно,...

Continue reading

Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Post Views: 8 Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот. Почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница “Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот...

Continue reading

Венеција држава

Post Views: 0 Граѓаните на Венеција и околните региони гласале по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање на сопствена држава. За, биле 89% од гласачите. Повеќе од два милиони жители на регионот Венето, учествувале во целонеделното гласање, а 89% од нив се изјасниле за независност од Италија. Електронското гласање, кои го организирале локалните партии, не е законски обврзувачко, но има за цел да ја процени поддршката кога би имало референдум. На социјалната мрежа Твитер се развила остра дискусија помеѓу приврзаниците за отцепување и Италијаните кои ова гласање...

Continue reading

pumpa

Поевтинија бензините

Post Views: 7 Малопродажните цени на бензините од денеска се намалија за 2,5 денари, дизелите поевтинија за еден денар и екстралесното зa половина денар. Новата цента на ЕУРОСУПЕР-95 изнесува 60,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР-98 е 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 62,00 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) од ноќеска на полноќ изнесува 48,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 38,00 ден/лит. Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се намалуваат за 0,267 ден/кг,...

Continue reading

Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид

Post Views: 11 Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева. Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите. Оригинален наслов:Господ постои, името ѝ е Петрунија Траење...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top