Жителите од Бараки и Видобишта бараат подобра комунална инфраструктура

Апелираат да се постават пристојни постојки на автобуската линија и клупи за седење. Од Локалната самоуправа на крајот од оваа година ќе интервенираат со она што им дозволуваат можностите, а ги повикуваат граѓаните да соработуваат во креирање на програмите за работа за идната година.   

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и  „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски.     

Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец ќе засади нови садници кои се искршени на дроворедот на улицата Момчило Јорданоски. Според можностите ќе интервенира и Фондот за комунален развој, сообраќај и улици. 

Сигурно тоа ќе се земе предвид и каде што може ќе биде овозможено на улицата „Момчило Јорданоски“ да се постават дрворед и клупи за седење за граѓаните, на потегот од Марко Цепенков до Стобекс секако ако дозволат условите – вели Џамтоски.

Во тек е подготовка на работните програми за следната година. Граѓаните, урбаните и месните заедници може да ги доставуваат нивните предлози и барања кои ќе бидат имплементирани во програмата за работа за 2022 година. 

Секогаш Локалната самоуправа е во тесна корелација со Урбаните заедници, со граѓаните преку најразлични форми на соработка. Се што ќе се јави како потреба ќе биде имплементирано од Секторот за сообраќај, улици и патишта за 2022 година – додава Џамтоски.

Според, програмата за работа на Фондот за комунален развој за оваа година е планирана реконструкција на улицата „Марко Цепенков“. Деновиве, започна поставување на бехатон плочки на оваа улица во должина од 400 метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top