Светски ден за едукација за заштита на животната средина

Денес се одбележува Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

 |   | 

ОД НП „Галичица“ со порака дека еколошката едукација ја создава платформата која ги зголемува знаењето и свеста за животната средина околу нас. Ова е неопходно за заштитата на животната средина, затоа што само знаењето за биодиверзитетот и другите значајни природни карактеристики, ќе обезбедат основа за соодветно однесување за заштита на природата.

Само врз ваква основа може да се подигне јавната свест за проблемите поврзани со урбанизацијата, цврстиот отпад, шумските пожари, загадувањето на водата и воздухот, неконтролираното собирање на недрвни шумски производи и други природни ресурси, што се одразува врз природните вредности на Паркот и животната средина во целина.

Еколошката едукација обезбедува платформа за остварување на позитивни искуства со природата и нејзината заштита. Според тоа еколошката едукација обезбедува емотивна и научна основа потребна за развивање на одговорно однесување за заштита на природата.

Да размислиме за генерациите, да им кажеме дека светот во којшто живееме, сакаме и можеме да го направиме подобро место за нашите деца, за децата на нашите деца и да им кажеме дека тие можат да го направат подобро место за сите нас,“ велат од паркот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top