Post Views: 3
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска учествува на четвртиот „Кроација самит“ на тема „Стратешки императив на Европа – енергетика, инвестиции и развој”, што се одржува во Дубровник.
Милошоски ќе има свое обраќање на панелот наречен “ЕУ и НАТО – Трансформација на Југоисточна Европа“, во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ и членството во НАТО, како клучни прашања за политичкиот и демократски развој на земјата.
Високи претставници на држави и на меѓународни...
Post Views: 1
Ветувајќи си мотивација и посветеност на каузата поради која се решивме да го формираме здружението и трасирајќи ја вербата дека нашите дела ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот на младите луѓе и на сите граѓани на општината кои припаѓаат на различни етнички заедници, денес ја заокруживме првата декада на успешност.
Во изминатите десет години успеавме да станеме организација препознатлива во различниот пристап пред се кон младите, кон нивниот успех и напредок, така што создававме подобри и поповолни услови за нивна успешна интеграција во општеството,...
Post Views: 0
Големиот шумски пожар, кој избувна вчера попладне во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум е локализиран, но сеуште се работи на негово гаснење, информираат од Територијалната противпожарна единица во Струга.
Од утрово, големиот шумски пожар, кој избувна вчера попладне во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум, како што соопшти Службата за информирање на Владата, се гаси и од воздух со авиони, ер трактори со чија помош е локализиран, а коишто синоќа не можеле да полетаат поради стандардните процедури коишто не предвидуваат летање во...
Post Views: 6
Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”.
Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави.
Конечната цел на државата е да...
Post Views: 0
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе го посетат Скопје во втората половина на јули.
Одвоените посети на двајцата високи европски дипломати, се предвидени во рамки на турнеите на Солана и Рен на Западен Балкан, за кои деталите се уште се прецизираат, соопштија официјални извори во Брисел.Посетата на Солана на регионот, е предвидена за идната недела и најверојатно ќе започне на 13-ти јули во Белград, по што Солана ќе ги посети Приштина и Скопје.
Еврокомесарот Рен се очекува на 22 јули да...
Post Views: 11
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(46) и Н.С.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 15.12.2020 година, пријавените на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв.
Post Views: 5
Велика Британија
Санкциите спрема Русија би го довеле во криза славниот City, кој произведува 40% од британскиот БДП. Во црно ќе се завијат и недвижнините во Лондон и околината, а восокото образование би добило тежок удар иамјќи го во предвид бројот на руски ученици кои плаќаат високи сметки за школарина.
Франција
Ќе изгуби договор вреден неколку милијарди евра за производство на воени бродови и вооружување. Исто така на колена би се нашла и автомобилската индустрија бидејќи во Русија се прават преку милион автомобили годишно а нафтениот гигант Тотал има вложено 30 милијарди...
Post Views: 0
Министерот за одбрана на Владата на Република Македонија Зоран Коњановски денеска ќе го презентира Законот за воена академија.
Пред одржувањето на презентацијата министерот Коњановски ќе одржи средба со пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, поранешни функционери од областа на одбраната и безбедноста и стручни лица, авторитети од областа на воените науки.
{loadposition content9}
Post Views: 11
Современ опремен кабинет по практична настава добија учениците и професорите од регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“. Финансиските средства се обезбедени од проектот од Локалната и регионална конкурентност од Светска банка и од општина Охрид. На почетокот од второто полугодие од учебната година е ставена во функција новата работна просторија која ќе придонесе во подигнување на квалитетот на наставата, информира Марјан Радески, директор на регионалното стручно училиште.
„Со прераснување на училиштето во регионален центар се подобрува квалитетот...
Post Views: 4
Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари.
Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина.
Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку...
Post Views: 2
Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур.
Предлогот, како што пренесува Макфакс, ќе го образложат еврокомесарот за правосудство и внатрешни работи Жак Баро и еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Истиот ден предлогот ќе биде упатен и на Советот на министри на Унијата и Европарламентот.
Изјава во оваа насока во вторникот во Романија даде и италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини.
„Се надевам дека за неколку недели ќе биде либерализиран визниот режим за три значајни земји...
Post Views: 2
Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени во пожарот што денеска избувна во близина на автобуската станица во Сараево, потврди локалната полиција и службите за итни случаи. Во локализирање на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни возила, кој избувнал откако во објект за брза храна експлодирала боца со плин.
Во експлозијата е повредено и едно лице кое било вработено таму.
Пожарот бил изгаснат нешто по 14 часот, а на повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Сараево.
Точната причина за пожарот ќе биде позната по истрагата – рече...