Post Views: 3
ОСУ „Св Климент Охридски“ достојно го одбележа својот патрон. Синоќа пред бројната публика во ЦК „Григор Прличев“, беше одржана свечена програма на гимназијалците од ова училиште. Училишниот хор заедно со рецитаторската секција се покажа во вистинско светло, така што прсутните ги оставија без здив. Тие приредија незаборавна едночасовна програма исполнета со песни и поезија.
Директорката на гимназијата Вера Јовческа во своето обраќање нагласи дека и годинава докажале дека се достојни следбеници на Климентовото дело.
„Најважниот мотив за работа е задоволството што...
Post Views: 1
Во време на интернет и социјални мрежи тенка е линијата помеѓу приватниот и јавниот живот. Како тоа делумно да се спречи? Можеби е подобро колегите од работа да не се ваши пријатели на Facebook, пишува во коментар на Linkedin маркетиншкиот експерт Soham Wagh.
Според него овие се три причини за тоа:
–Завист – Многумина на Facebook објавуваат животни случки како што се нова куќа, нова кола, фотографии од патувања во странство…Меѓутоа во канцелариското опкружување тоа може да резултира со завист бидејќи немаат сите еднакво успешен живот, ниту еднакви можности....
Post Views: 49
Охрид од времето кога Гимназијата беше на крајот од градот. Некои го знаат како изгледал, некои не. Постарите ќе се потсетат на местата каде пиеле кафе и муабетеле некогаш, помладите ќе видат како изгледал нашиот град порано. Ова не е веќе само желба. Фејсбук групата „Охрид-слики од минатото“ која од своето формирање привлече огромно внимание кај граѓаните ќе добие и своја физичка форма. Мала селекција од четириесетина слики постирани во оваа група, испечатени ќе бидат дел од изложбата наречена токму така…„Охрид-слики од минатото.“ Стари рибари, чунови, споменици,...
Post Views: 6
Политичари, новинари, шоумени, јавните личности од градов денес здружено за една повисока цел. Во кафе терасата Аквариус подготвуваа и служеа пијалоци за гостите кои денес го посетија овој угостителски објект. А богами и оние што ја добија улогата на келнери, и оние што работеа од другата страна на шанкот имаа полни раце работа. Кафе терасата беше преполна со луѓе, сите пријатно изненадени кога некој советник, новинар или шоумен ќе застанеше до масата и ќе им речеше „Повелете“. Некои со табаката во двете раце, некои пак како професионалците ја држеа во една и со исклучителна...
Post Views: 9
Драган Матески кој има само 21 година од пред извесно време со комбинација на повеќе социјални мрежи ја создаде македонската верзија на „Фејсбук“, „HalloHi„ (www.hallohi.net). Идејата ми дојде уште со појавувањето на “My space”, но ми требаше време за да ја разработам. Почетокот на оваа социјална мрежа датира од ноември 2009 година, а денес веќе има околу 6.000 членови, со дневен пораст на членовите од 5 отсто. Има подобар „chat” од „Фејсбук„, а и квалитетот на музиката која може да се постави е подобар, вели за Макфакс, Матески.
Реализацијата на идејата...
Post Views: 2
Банско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“.
„Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и обезбедување...
Post Views: 1
Акцијата се одвиваше на две локации и тоа над селата Делогожда и Калишта. Овој пат кон акцијата се придружија и претставници на јапонската влада од проектот за чистење на Струга.
Јапонците напомош во одбележувањето на „Денот на дрвото“. Во акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“, која по петти пат се спроведува во нашата држава, стружани на две локации садеа црн бор и јасен. Владислав Жупан од локланата самоуправа, информира дека на правата локлација, која се наоѓа над селото Делогожда, учествуваа струшките основци и средношколци и тие пошумуваа со црн бор.
Втората...
Post Views: 1
Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија. Во изминативе десет месеци регистрирани се само седумнаесет случаи. Портпаролот на ЕВН Македонија, атанас Ковачески вели дека ова е одличен напредок во подигнувањето на свеста кај граѓаните на нашиот град бидејќи минатите години Охрид беше на врвот по регистрирани кражби на електрична енергија.
Вродија со плод сите напори на ЕВН како и контролите наполицијата а пред се измените во кривичниот законик во однс на затворската казна која е пропишана за крадците на ел енергија која порано беше до една а сега...
Post Views: 7
Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица Цонев...
Post Views: 4
Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража има појава на магла и дека видливоста е до 100 метри. Магла има и на патниот правец кон Крушево каде видливоста е до 50 метри, додека на патните правци кои водат кон Маврово видливоста е до 40 м.
Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.
Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...
Post Views: 0
Откако се пофалија дека првиот викенд на новата верзија на Windows 10 го превзеле повеќе од еден милион корисници, од компанијата денес во продукција ја пуштаат првата надоградба…
И понатаму од Microsoft предупредуваат дека моменталното издание на Windows 10 е во “грубо издание”, но сакаат заедно со корисниците чекор по чекор да изградат оперативен систем кој ќе ги задоволи сите потреби и желби, иако тоа практично е невозможно бидејќи се појавуваат огромен број на приговори, субјективни или објективни.
Во суштина, првата надоградба за Windows 10 ќе биде со големина...