Одбележан денот на дрвото во Струга

Акцијата се одвиваше на две локации и тоа над селата Делогожда и Калишта. Овој пат кон акцијата се придружија и претставници на јапонската влада од проектот за чистење на Струга.

 |  Крсте Голабовски  | 
kalishta
калишта

kalishtaАкцијата се одвиваше на две локации и тоа над селата Делогожда и Калишта. Овој пат кон акцијата се придружија и претставници на јапонската влада од проектот за чистење на Струга.

Јапонците напомош во одбележувањето на „Денот на дрвото“. Во акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“, која по петти пат се спроведува во нашата држава, стружани на две локации садеа црн бор и јасен. Владислав Жупан од локланата самоуправа, информира дека на правата локлација, која се наоѓа над селото Делогожда, учествуваа струшките основци и средношколци и тие пошумуваа со црн бор.

Втората локација каде се вршеше пошумувањето е селото Калишта , поточно месноста Краста,  помеѓу хотелите Изгрев и Бисер.  На оваа локација околу 1000  ученици од четири основни училишта од Струга учествуваа во засадувањето на црн бор и јасен. Тие се дел и од проектот за чистење на Струга, кој се спроведува во соработка помеѓу општина Струга и јапонската влада.

На двете локации, се очекува да бидат засадени околу 20.000 садници на јасен и црн бор. Кон  одбележувањето на денешниот ден се приклучија и децата од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“ од Струга. Дворот на нивниот центар беше локацијата на која тие ги засадија садниците на црн бор.

Во рамките на  традиционалното пошумување, планирано е  да бидат засадени  вкупно 7,5 милиони садници. Со одлука на Владата на Република Македонија, поради организираните акции  за пошумување, денес е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top