hotel

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници

Post Views: 1 Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100%. Најголемиот дел од гостите се странци кои имаат резервирано тридневни или четиридневни аранжмани, а само 120 лица имаат резервирано само за дочекот на новата година кој чини 27 евра....

Continue reading

Google воведува претплата за гледање на видео-записите на YuoTube?

Post Views: 2 Говорејќи за статистиката на најпопуларниот видео сервис на светот, директорката на Google, Susan Wojcicki, рекла дека денес околу половина од посетите на YouTube доаѓаат од мобилни уреди. Тоа е зголемување во однос на минатиот период кога од компанијата напоменале дека уделот од мобилните уреди изнесува 40%. Освен за бројот на посетители на овој сервис, Wojcicki рекла дека во нивната компанија размислуваат и за начинот на наплата за гледање на содржините на YouTube како алтернатива за прикажување на огласите при гледање на видеата, што е моментално главен извор на нивната...

Continue reading

logo

Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време

Post Views: 4 Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година,  ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.Причина за оваа одлука е  совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите...

Continue reading

logo

Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори

Post Views: 10 Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои...

Continue reading

vakcina

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Post Views: 4 Министерството за здравство на предлог на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници – морбили на целата територија на Македонија бидејќи досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување. Според податоците на ресорното министерство речиси две третини од Македонија каде живее 50 отсто од населението имаат заболени лица од мали сипаници, што е причина за прогласување вонредна состојба. Министерот за здравство Бујар Османи информира дека Комисијата за заразни болести донела одлука да се вакцинираат со МРП...

Continue reading

gerijatrija

Пензионерите и годинава празнично на геријатрија

Post Views: 1 Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото. „Ги видовме условите тие се подолго...

Continue reading

Едриличарите го откачија Шапкар!

Post Views: 8 Едриличарскиот клуб „Бофор“со нови маки. Неисполувањето на обврските за спонзорство од  спонзорот АМАК СП, причина за одржување на вонредно собрание. Иницијативата за собрание до претседателот на клубот Стевчо Ставрески на 13 март 2010 год. доставиле Управниот одбор на клубот  како и целокупното членство на Бофор,. „Истите луѓе кои донесоа одлука да му се даде почесно место на Управниот одбор на сопственикот на АМАК СП, Венко Шапкар, сега од мене побараа вонредно собрание“, вели  претседателот на клубот, Стевчо Ставрески. „Истите луѓе овде потпишани донесоа...

Continue reading

socijalen rucek

Традиционално и годинава софра за луѓето од ранливите категории

Post Views: 4 Трета година по ред ОО на Црвениот Крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа за 150 семејства обезбеди ручек и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека ваквите манифестации нема да престанат, но, се надеваат дека наредната година на оваа софра ќе седнат помалку луѓе од социјално загрозените семејства. „2015 година веќе ќе одиме со најавите кои што ги имаме од државно ниво дека еве во тирз зоната како што реков најавено е две огромни фирми ќе отворат 2000 – 2500 места за вработувања. Јас верувам...

Continue reading

Во Струга се одржа 19-та регионална, фолклорна ревија на музика, песни и игри

Post Views: 5 На ревијата која се одржува под покровителство на СЗПМ учествуваа околу 100 фолклористи, музичари и рецитатори од ЗП Дебар и Центар жупа , Кичево, Македонски Брод, Гостивар , Охрид и Дебрца и домаќинот Струга. Учесниците на ревијата од 8-от западен регион во името на градот домаќин ги поздрави Милорад Трпоски , претседател на ЗП Струга. Со поздравни зборови на фоклористите и гостите ревијата за отворена ја прогласи претседателката на сојузот на пензиониери на Македонија Станка Трајкова, која на крајот на ревијата на претседателите на ЗП , учесници на ревијата им врачи...

Continue reading

Bozik

Верниците од католичка вероисповед слават Божик

Post Views: 0 Верниците од Католичка вероисповед денес го празнуваат христовото раѓање по грегоријанскиот  календар.   Во католичката црква „Св Кирил и Методиј“во Охрид синоќа , на Бадник, се одржа вечерна миса на која присуствувал меѓу верниците и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а денес се празнува Божиќ.„Ние го славиме Божик , овој празник  е еден од најгоемите радсони празници во Христијанската вера. На овој празник се роди Исус Христос во мала пештера за да донесе мир во човекот, напатен со немири и омрази, Исус се насели меѓунас д абиде со нас и д адонес емир. Поракат ...

Continue reading

kostal

Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид

Post Views: 9 Германски „Костал“ доаѓа  во Охрид. Оваа компанија е водечки извозник на  технолошко – напредни производи од делот на електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Инвестицискиот план на “Костал“ за Охрид, се поклопува со  локалната стратегија за  економски развој на градот. Во почетокот на 2015-та година ќе почне како браунфилд инвестиција во некој од постоечките стопански објекти во Охрид, за по две години да се трансформира во целосна гринфилд инвестиција во ТИРЗ Охрид- Струга, најави охридскиот градоначалник Бакрачески....

Continue reading

Facebook воведе нови опции во својата мобилна апликација

Post Views: 0 Facebook  воведе неколку нови функционалности во својата мобилна апликација за iOS и Android, со што искуството со управување на фотографии го приближи со можностите на десктоп апликацијата. Имено, мобилните корисници сега можат да го избираат саканиот редослед на фотографии при нивното поставување на Facebook. Откако ќе се одбере фотографијата има можност да се види и прегледа галеријата како ќе изгледа по објавувањето. Корисниците исто така ќе можат да напишат краток опис на целата “фото-приказна” и да додадат текст на секоја поединечна фотографија, како и да ги распоредат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top