Во Струга се одржа 19-та регионална, фолклорна ревија на музика, песни и игри

На ревијата која се одржува под покровителство на СЗПМ учествуваа околу 100 фолклористи, музичари и рецитатори од ЗП Дебар и Центар жупа , Кичево, Македонски Брод, Гостивар , Охрид и Дебрца и домаќинот Струга. Учесниците на ревијата од 8-от западен регион во името на градот домаќин ги поздрави Милорад Трпоски , претседател на ЗП Струга.

 |   | 

Со поздравни зборови на фоклористите и гостите ревијата за отворена ја прогласи претседателката на сојузот на пензиониери на Македонија Станка Трајкова, која на крајот на ревијата на претседателите на ЗП , учесници на ревијата им врачи благодарници.

Републичката ревија на СЗПМ ќе се одржи на 23-ти јуни во Скопје, која ќе биде во знак на 75 годишнината од постоењето на СЗПМ. Ревијата во Струга се одржа според мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top