Едриличарите го откачија Шапкар!

Неисполнување на обврските од страна на спонзорот, причина поради која едриличарскиот клуб „Бофор“ го раскина договорот со АМАК СП. На вонредното собрание кое се одржа на 1 април новиот Управен одбор донел одлука за избор на ново раководство како и враќање на старите симболи на клубот.

 |  Татјана Маленкова  | 
едрилици alt=edrilici src=

Stevco Stavreski

Едриличарскиот клуб „Бофор“со нови маки. Неисполувањето на обврските за спонзорство од  спонзорот АМАК СП, причина за одржување на вонредно собрание. Иницијативата за собрание до претседателот на клубот Стевчо Ставрески на 13 март 2010 год. доставиле Управниот одбор на клубот  како и целокупното членство на Бофор,. „Истите луѓе кои донесоа одлука да му се даде почесно место на Управниот одбор на сопственикот на АМАК СП, Венко Шапкар, сега од мене побараа вонредно собрание“, вели  претседателот на клубот, Стевчо Ставрески.

„Истите луѓе овде потпишани донесоа одлука дека поради наисполнување на обврските го раскинуваме договорот за спонзорство. Шапкар, јас лично, уредно го поканав преку маил при што му го испратив и дневниот ред и новиот статут на клубот, вели претседател на едриличрски клуб “Бофор“, Стевчо Ставрески.

На вонредното собрание едногласно била донесена одлука за раскинување на договорот со спонзорот, а присутните членови уште одлучиле и го  разрешиле стариот Управен одбор и едногласно изгласале нов. На вонредното собрание била донесена и одлука за промена на седиштето на клубот, наместо на ул. „15 Корпус“ 89 отсега да биде „Кеј маршал Тито“ б.б, нов статут на клубот но и одлука за враќање на старите симболи.  

„ Побаравме од Шапкар да ги врати печатите, до ден денешен тоа не е сторено“, вели Ставрески.

Ставрески додаде дека клубот „Бофор“, за разлика од спонзорот Венко Шапкар, досега достојно го спровел договорот на дело. „ АМАК СП“ од наша страна максимално беше рекламиран на регати, на натпревари и на школата за едриличари, за разлика од спонзорот кој не ги уплати ветените пари“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top