Традиционално и годинава софра за луѓето од ранливите категории

„Голем број на родители од социјално ранливите семејства верувам дека ќе најдат вработување во тирз зоната“, истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев на денешната софра со ѓраѓаните од ранливите категории, која денес се одржа во ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
socijalen rucek
социјален ручек

socijalen rucekТрета година по ред ОО на Црвениот Крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа за 150 семејства обезбеди ручек и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека ваквите манифестации нема да престанат, но, се надеваат дека наредната година на оваа софра ќе седнат помалку луѓе од социјално загрозените семејства.

„2015 година веќе ќе одиме со најавите кои што ги имаме од државно ниво дека еве во тирз зоната како што реков најавено е две огромни фирми ќе отворат 2000 – 2500 места за вработувања. Јас верувам во таквите најави и се надевам дека голем број на родители од присутните ќе најдат дел од своето вработување, а со таа бројка Охрид и тоа како ќе ја смени социјалната структура ан своите вработени“.

socijalen rucekГодинава Црвениот крст од Охрид бележи рекордна бројка во доделување на најразлична помош на над 700 лица, вели Сашо Точков, претседателот на организацијата. Тоа се однесува на помош во здравствени прегледи, лекарства, прехрамбени производи, средства за хигиена, додава тој. Точко вели дека секој ден се под постојан притисок на луѓето на кои им е потребна некаква помош, најчесто оние кои немаат да се прехранат поради нивниот низок социјално економски статус.

„Ние можеме да помогнеме еднократно или моентално, но не можеме да им го решиме статусот, секако постојат институции кои што се занимаваат со таа проблематика ги упатуваме но сепак сочуствуваме со нивната мака и гледаме што повеќе социјални случаи да опслужиме“.

На денешната софра во ОУ „Ванчо Питошески“, со семејствата од социјално ранливите категории седна и заменик градоначалникот Ангел Јанев, а најмногу се израдуваа децата кои на крај добија пакетче од Дедо Мраз.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top