Post Views: 2
Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на вчерашната седница.
Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната дневница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.
Имплементацијата на законот ќе биде следена од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора...
Post Views: 5
Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски.
„Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните празници...
Post Views: 1
Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги посетија верските храмови, запалија свеќи и со молитва посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските.
Отец Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.
„Овој празник е најголема радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...
Post Views: 4
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се откажа од планот за воведување на данок за интернет во неговата сегашна верзија и по протестите на илјадници луѓе ветил дека ќе спроведе “национални консултации” во февруари.
Протестите го оневозможија воведувањето на данок, рекол Орбан за националното радио. “Данок на интернет не може да се воведе во сегашната верзија…Ништо не може да се воведе во сегашните околности”, рекол тој.
Конзервативната влада на Орбан сакаше да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра за 1GB. Европската комисија остро...
Post Views: 6
Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда. Ова го најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување. „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои...
Post Views: 1
Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од 2,5 метри широчина и 3 метри височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.
На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична...
Post Views: 130
Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.
Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста...
Post Views: 6
Три и пол годишната Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова.
„Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос...
Post Views: 6
Клучот на буџетските средства треба да е во рацете на жената. Ваква е пораката на Лилјана Попоска пратеничката на ДОМ. Ова дел од нејзиниот заклучок од студиската посета во Виена, каде работеле на принципот за родово сензитивно буџетирање.
Буџет по мерка на Европа. Во Струга се одржа регионална конференција на тема- Родова еднаквост – надлежности, дискурси и активизам. Претставниците на сите инволвирани страни во државната системска мрежа за родова еднаквост, задоволни од досегашната активност и работа на Комисиите за еднакви можности од општините на југозападниот регион....
Post Views: 1
Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови. Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.
„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна...
Post Views: 6
Со пригодна свеченост, Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, денеска ќе прослави 9 години од неговото формирање.
„На свеченоста, покрај членовите на АК „Брег на младоста“, ќе присуствуваат и градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, д-р Константин Георгиевски и Зоран Ногачески како и нашиот голем поддржувач од Белград, Србија, г-динот Јошка Броз“, информираат од „Брег на младоста“.
Свеченото отворање е вечерва во 19:00 часот во новите простории на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, на булевар „Туристичка“, во зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Post Views: 3
Паркетари, водоинсталатери, тв механичари, изработувачи на сувенири и домашни ракотворби се дел од 34 -те ново регистрирани занаетчиски дејности во Регионалната комора во изминатата година. Ова е рекорден број споредено со изминатите 6-7 години, вели претседателот на Регинаолната комора Сашо Богоески. За зголемување на бројот на ново пријавени занаетчии претседателот наведува бројните бенефиции кои занаетчите ги имаат почнувајќи од износите за сметководствени услуги или плаќање на ѓубре. Покрај ова Богоески ги додава и неколку клучни проекти, како што е на UNDP ...