deponija

Странските инвеститори чекаат

Post Views: 3 Странските инвеститори сеуште чекаат за да вложат пари во регионалната депонија. И по се изгледа ќе се изначекаат бидејќи градоначалниците на југозападниот регион вчера имаа уште еден неуспешен состанок. Поради немање кворум за работа третата работна средба во Струга помина стихијно без потребното присуство на сите градоначалници на југозападниот регион и без ресорниот министер Неџати Јакупи. Имено, долгонајавуваниот итен и суштински проект за концесионирање со регионалната депониаја тапка во место. Четири општини сеуште не ја имаат донесено одлуката на Совет за отпочнување...

Continue reading

ldp

Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име

Post Views: 1 Продолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира  Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна  од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната...

Continue reading

Скоро една деценија „Брег на младоста“ го шири акцијашкиот дух кај младите

Post Views: 10 Десеттата година од дејствувањето, Акцијашкиот клуб „ Брег на Младоста “ ја отпочнува во нови простории кои на клубот им беа доделени од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски пазар “. Оваа организација во изминативе девет години од постоење и работење оствари бројни акции кои беа значајни за Охрид но, и многу пошироко. „ Ревизиравме многу активности , бевме на многу работни акции како во градов, републикава и надвор од Македонија . Кога во  Србија кога ја зафатија големите поплави во 2014 – та година, кога Скопје го зафатија големите поплави 2016 година, бевме во...

Continue reading

rusenje

На Охридското езеро од албанската страна се рушат хотели на македонската ќе се градат

Post Views: 8 На брегот на Охридското езеро од албанската страна на потегот од Лин кон Поградец се срушени 46 објекти изградени на самиот брег од езерото. Се рушат и легални и нелегални  хотели и угостителски објекти.  Албанската држава издвоила буџет од 5 милиони евра со кој се обештетуваат сопственеиците на легалните  градби, вели Аријан Мероли претставник од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро од Албанска страна. Од другата страна на езерото пак, кое е под заштита на УНЕСКО се планира градење на туристички капацитети, резиденцијални објекти и туристички...

Continue reading

lezecki pol

Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид

Post Views: 17 Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните. Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели...

Continue reading

Најдобро платена жена во светот на музиката за 2014

Post Views: 1 Најдобро платена жена во светот на музиката во 2014 годиина со заработка од 115 милиони долари е американската R&B пејачка Beyonce, а тоа е двојно повеќе од она што го заработила минатата година, објавил магазинот Forbes. Овој огромен износ, од кој повеќето го заработила по турнеи, ја подобри позицијата на Beyonce која беше на четврто место и ја стави далеку пред поп-ѕвездата Taylor Swift и нејзините 64 милиони долари која пак скокна за едно место погоре во однос на минатата година и сега е на второто место. На третото место се искачи Pink со заработени 52 милиони...

Continue reading

Ilija Piperkoski

„Дедо и внук“

Post Views: 0 Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски. Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и самосвесно...

Continue reading

kinezi

Далијан и Охрид и официјално ќе соработуваат на полето на туризмот

Post Views: 7 Потпишан меморандум за соработка на полето на туризмот помеѓу бирото за развој на туризмот од Далијан, Народна Република Кина и Секторот за ТЛЕР на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека оваа соработка ќе вроди со плод и наредниот период  можеме туристите од НР Кина да ги очекуваме во голем број. Додаде дека овој документ значи етаблирање на соработката со НР Кина во делот на туризмот. „Во делот на организирање на туристички групи од НР Кина кон Македонија и обратно, ќе направат напори за етаблирање на можности за воспоставување на чартер летови...

Continue reading

Ренгенски фотки, отсега многу побрзо

Post Views: 6 Најсовремениот тип апарат за компјутеризирана томографија со 128 детекторски реда, заедно со уште два радиолошки ехо-апарати и мамограф вчера пред премиерот Никола Груевски беа промовирани на Универзитетската клиника за радиологија. Според д -р Надица Митревска, директор на Универзитетската клиника за радиологија, наесен ќе се постави и новата магнетната резонанса со јачина на магнетно поле 1,5Т, ќе се постави и ангиографски систем со дигитален детектор за ангиографски, васкуларни, церебрални и периферни дијагностички интервентни процедури.– Со оваа најсовремена...

Continue reading

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Post Views: 0 Извршувањето на работните задачи на седумдесет административни службеници  се под директен надзор на секретарот на општината Димитар  Спасески. Спасески два пати во текот на годината ги отценува како тие ја извршуваат нивната  работа. Се оценуваат по 9 критериуми  и се формира просечна оценка.Во неговиот мандат вели дека само еднаш изрекол  негативна оценка за работа на службеник, додава секретарот.„ Согласно законот едно негативно  оценување значи прераспределба на државниот службеник на работното место соодветно на неговото образование. Ако бил раководител на сектор...

Continue reading

korita

Германски „лифтинг“ на Галичица

Post Views: 2 Се дотераа излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ со германски пари. Овие две омилени излетнички локации после година и половина добија нова инфраструктурна опрема, а сега се  меѓусебно поврзани и со пешачка патека. Со германски пари се направи лифтинг на омиленте излетнички места на Галичица. Излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ целосно се уредени, а руинирана инфраструктура е целосно заменета со нова. Директорот на НП „Галичица“ Зоран Ангеловски кажа дека како причина за овој зафат се наметна моменталната состојбата на инфраструктурата и потребата од...

Continue reading

opst stan

Во Охрид останаа уште 30 општествени станови за откуп или закуп

Post Views: 2 Во Охрид има 30 општествени станови со нерегулиран статус. Граѓаните корисници на вакви станови согласно последните измени на Законот за домување имаат рок до 31 март годинава, да поднесат барање за откуп или закуп. Првиот човек на охридската подружницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија, Гоце Георгиески, потсетува дека нивните служби им стојат на располагање на граѓаните за да им дадат инструкции како и под кои услови можат да склучат договор со Министерството за транспорт и врски. „Ги замолувам сите станари...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top