Post Views: 10
Во Охрид се одржа 11-тата конференција на македонската берза. Годинава на овој настан присуствуваа 170 учесници. Организаторите на конференцијата задоволни од одзивот, посебно што овој пат изразено било присуството на еминентните гости од дипломатскиот кор, министрите за финансии на Македонија и Бугарија, претставниците од евроазиската федерација на берзи, како и од претставниците од регулаторните тела од Австрија и Словенија. Советничката на управата на македонската берза Евита Иванова вели дека за време на двата конференциски дена биле изнесени интересни ставови и ...
Post Views: 16
Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да е...
Post Views: 0
Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.
–Овој мал долг се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата...
Post Views: 1
Охрид дел од иницијативата за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија. Утре 8-ми февруари 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи голем Хуманитарен концерт. Координаторот на концертот, Дарко Мојсоски вели дека со организација на еден ваков хуманитарен концерт со настап на познатите музички имиња ќе се даде еден мал допринос за помош на нашите сограѓани.
„По повод новонастанатите природни катастрофи кои што се случија во РМакедонија, поплавите во некои подрачја, излеговме со проект концерт за помош на настраданите...
Post Views: 2
Денес во општина Охрид се одржа јавната расправа и увид на извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за неколку Урбани заедници. Согласно законската регулатива Јавната расправа ја организираше градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески. Евидентно беше присуството на добар дел од експертската и научна фела за животната средина од Скопје, претставници на еколошките друштва од Охрид, од Хидробиолошкиот Завод, додека пак речиси и да немаше присутни од луѓето од нашиот град кои се најповикани во оваа проблематика. И покрај можноста да се произнесат...
Post Views: 3
Немаат сите апликации еднаков учинок на вашиот смарт телефон па затоа компанијата AVG објави попис на апликации и игри кои најмногу влијаат на кусото траење на батеријата, а интересно е дека на овој список се наоѓа и најпопуларната мрежа на светот Facebook. Екипата од AVG податоците за влијанието на апликациите ги собрала анонимно од повеќе од еден милион корисници на нивната AVG Android апликација, а на списокот се наоѓаат апликации кои се превземени повеќе од еден милион пати, како и прединсталационите апликации кои доаѓаат со телефонот од производителот и се покажало...
Post Views: 6
Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците ќе можат да ги купуваат исто како и општествените, од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници од ранливите категории на кои примањата им се ниски.
„Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството...
Post Views: 1
Претставници од банкарскиот сектор, градежништвото, индустријата за преработка на храна, туризмот, како и локалната самоуправа, на денешниот седми по ред состанок на градските татковци дискутираа за подобрување на соработката и комуникацијата помеѓу бизнис субјектите од градов. Целта според градоналникот, Никола Бакрачески е креирање на адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид. На изминатите седум состаноци, според градоначалникот Бакрачески се креирале предлози од кои локалната црпела идеи за развој на охридската економија.
„Претставува една структура...
Post Views: 0
Детското ликвно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола годинава по 30-ти пат ќе пречека 60 деца од целиот свет, кои ќе цртаат мотиви од старите чаршии во Битола, Охрид и Крушево, а за прв пат ќе се изработуваат икони, како и пишување текст, односно калиографија.
– Првата ликовна манифестација се одржа на 24 и 25 мај 1982 година кога учествуваа 40 ученици и ликовни педагози од Винковци и Паг, Хрватска и Прилеп, Македонски Брод и Битола, Македонија. Од 1984 година манифестацијата се вика „Мал битолски Монмартр“ и од тогаш до денес се архивирани околу 450.000 цртежи,...
Post Views: 1
И после пет месеци од завршувањето на летната туристичка сезона од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како таа помина. Од ТЛЕР велат дека ќе почекаме уште еден до два месеци за да добиеме бројки од заводот бидејќи истите се обработени заклучно со месец јули. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат. Според неговите извештаи во 2014та година биле остварени 436 212 ноќевања што преставува само за 1% намалување во однос на 2013та. Раководителот на ТЛЕР,...
Post Views: 2
Учениците од меѓународниот колеџ „Јахја Кемал“ од Струга добро се покажаа на натпреварите од образовен карактер во Америка, Азејберџан и во нашата земја. Имено, месец април тие ќе го памтат по освоени врвни награди и високи признанија. Венера Глигороска ученичка во четврта година се закити со сребрен медал на натпревар по биологија во Хјустон Тексас кој се одржа од 14 до 19 април годинава. Глигороска вели „голем предизвик е да се посети Америка како турист, додека пак, привилегија е да се посети како учесник на светски натпревар. Тие скоро година дена се подготвувале...
Post Views: 1
Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци.
На седницата покрај членовите на советот ќе присуствуваат и претставници на банките и градежните компании. Планирано е да се дискутира најмногу за економскиот развој на Охрид.
Повеќе информации во првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.
{loadposition content9}