Почнува ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Детското ликвно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола годинава по 30-ти пат ќе пречека 60 деца од целиот свет, кои ќе цртаат мотиви од старите чаршии во Битола, Охрид и Крушево, а за прв пат ќе се изработуваат икони, како и пишување текст, односно калиографија.

 |   | 
Mal Bitolski monmartr
Мал битолски монмартр

Mal Bitolski monmartrДетското ликвно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола годинава по 30-ти пат ќе пречека 60 деца од целиот свет, кои ќе цртаат мотиви од старите чаршии во Битола, Охрид и Крушево, а за прв пат ќе се изработуваат икони, како и пишување текст, односно калиографија.

– Првата ликовна манифестација се одржа на 24 и 25 мај 1982 година кога учествуваа 40 ученици и ликовни педагози од Винковци и Паг, Хрватска и Прилеп, Македонски Брод и Битола, Македонија. Од 1984 година манифестацијата се вика „Мал битолски Монмартр“ и од тогаш до денес се архивирани околу 450.000 цртежи, изјави творецот на оваа голема детска и светски позната ликовна колонија, Коста Хаџи Антоновски.

Членовите на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола освоиле стотици награди, меѓу нив и првата награда на НАТО алијансата во 2003 година, наградата „Златно сонце“ во 2005, наградата „4-ти Ноември“ и други домашни и меѓународни признанија.

Mal Bitolski monmartr– Студиото отвори и три гигантски изложби кои се вброија во Гинисовата книга на рекорди. Првите две беа во Битола, 1995 и Скопје, 1996 година, а третата во Белград 1997 година. Во соработка со Македонскиот олимписки комитет се претставивме на Олимписките игри во Сиднеј 2000, Атина 2004 и Пекинг 2008 година, а во два наврати ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ учествуваше во Европските градови на културата Стокхолм и Букурешт, потсети Хаџи Антоновски.

Во изминатите три децении, Студиото развило и богата хуманитарна активност и досега подарени се повеќе од 1.200 дела на детски здравствени клиники, училишта и други установи во државата и странство.

Студиото, во чест на Тоше Проески, безрезервно помогна во изградбата на Манастирот „Свето Преображение“ во Крушево.

Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола пристигнаа 17.950 цртежи од 629 училишта во светот.

Во Старата чаршија вечер ќе бидат изложени 1.237 цртежи со што ќе почне 30-то јубилејно издание на „Мал Битолски Монмартр“. Добитник на наградата „Гран при 2011“ е студиото „Симпли Арт“ од Хонг Конг, Кина, а добитници на специјалната колективна награда се членовите на теолошката-православна школа „Венјамин Костачи“ од Ванатори, Романија и основната уметничка школа од Спишка Бела, Словачка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top