Раскопани улици по интервенциите на Водовод, фирмата задолжена за санација доцни

Post Views: 4 Раскопани улици и  несоодветно  санирани дупки по охридските улици зјаат со месеци. ЈП „Водовод“ ја поправа водоводната мрежа, но зад себе остава неуредени улици, се жалат граѓаните. Во рамките на проектот „Ти си твојот град“ , што го спроведува ТВМ телевизија голем број граѓани ни испратија фотографии и се пожалија на несанирани  дупки на повеќе локации во градот. Улицата „Богомилска“  една од локациите кои ни ги детектираа граѓаните. По зафатот на „Водовод“  овде зјаат две поголеми дупки на улицата,  кои претставуваат проблем за граѓаните. Одговор побаравме од ЈП...

Continue reading

пазар

Каде ќе се дислоцира градскиот пазар

Post Views: 2 Се бара идејно решение за изградба на затворениот градски пазар. Во тек е конкурсот на ГП „Илинден“ за изнаоѓање најдобар проект според кој ќе се гради совремемниот зелен пазар. Од Локалната велат дека конкурсот треба да заврши до месец мај после што веднаш ќе се започне со реализација на проектот. Според нивните најоптимистички предвидувања камен темелникот за новиот пазар ќе се стави уште во текот на ова лето. Но во Локалната она што сеуште не го знаат е локацијата на која ќе биде привремено сместен сегашниот пазар. Во јавност се спомнуваат две локации. Едната е на...

Continue reading

руиниа

Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид

Post Views: 1 Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите  опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина.  Не само што не се знае точниот  број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани.  Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење  се издава според пропишан режим ако станува  збор за објект  ставен...

Continue reading

Луѓето се повикани да се засолнат на повисоки подрачја

Post Views: 0 Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот. Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд. Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни...

Continue reading

falsifikat

Охриѓанец фалсификувал долари

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид.   На 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар,  му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 04 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени бидејќи му требале денари да ја...

Continue reading

emo protest

Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 0 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа. „На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно...

Continue reading

мк

Во Македонија пристигнуваат полски туроператори и новинари

Post Views: 1 На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска од денеска до 26 јуни во Македонија ќе престојуваат група влијателни туроператори и новинари. Меѓу гостите кои доаѓаат се наоѓа и претседателот на Полската туристичка комора Јан Корзак, претставници на влијателни туроператори, како и новинари од полски телевизии и пишани медиуми. Целта на посетата е да се запознаат со туристичките потенцијали на Република Македонија со цел наредната година земјата да се најде во нивните туристички аранжмани. {loadposition...

Continue reading

григор прличев

Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН

Post Views: 8 Пред охридските советници  по втор пат  ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија.   На ова ОУ, повторно  му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец. Основното училиште подолго време се  соочува со блокирана жиро сметка, заради  судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште,...

Continue reading

dzamija

Незаконска изградба на џамија

Post Views: 2 Деновиве во Г. Белица интензивирани активностите околу изградба на џамија. По се изгледа овде не важи 2 годишната забрана за градба дадена од  Министерството за култура бидејќи ова место се води како археолошки локалитет. Тензиите кои настанаа меѓу македонците и албанците во Г. Белица, во врска со изградбата на овој верски објект може да ги смири само Владата на Р. Македонија. Се она што се работи надвор од законските рамки штетно влијае не само врз мештаните на Г. Белица туку и воопшто врз целокупната јавност, сметаат мештаните на оваа атрактивна викенд населба. Неделава...

Continue reading

студенски дом

Колку должи Студентскиот дом „Никола Карев“

Post Views: 5 Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има долг од 34 000 евра. Според податоците од Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Во споредба со останатите сепак состојбата во охридскиот дом е најрозова. Тој е најдолу на листата на сите домови според заостанатиот долг што го има. Директорот Марјан Ристески вели дека сликата која е дадена во извештајот на Државниот завод за ревизија не е реална и објаснува за што станува збор. Не се работи за долг кој го има државниот студенски дом туку се работи за неподмирени трошоци кои се во...

Continue reading

Жителите на „Абас Емин“ се жалат на застој

Post Views: 1 Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ предзвикува револт кај граѓаните кои живеат на тој потег. Секојдневно се соочуваат со застој, непроодност, механизаација која им ги блокира приодите до домовите, проблеми со водоснабдувањето. Последниот инцидент се случи вчера попладне кога камион ја блокираше улицата без никакво известување, не информираа граѓаните. Еден саат жителите и минувачите немале никаков приод, а возачот одбивал да го тргне камионот. „Навистина не е фер ова. Една година тука ми живее зетот идам преку 50 пати  да чекам вака со саати. Никако не можам да...

Continue reading

Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца

Post Views: 17 Патронажните сестри посетиле  120 лица  во руралните средини  во Охрид и Дебрца.  Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен  дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје  за сите“,  кампања на ресорното министерство. „ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните  сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и  ја прават посетата, посочува д-р Димитова....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top