Post Views: 5
Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, години наназад беа мета на немили настани и бројни тепачки. Еден од начините за надминување на проблемите во овие гимназии беше решавање на просторното прашање или обезбедување нова училишна зграда. На тоа пред една година се обврзаа и Локалната од Струга и централната власт, но по се изгледа збор дадоа само кога им гореше под нозе. Сеуште нема никаква реализација на многубројните ветувања. Министерот за образование, Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека нема што да се договара со градоначалникот на Струга Рамиз...
Post Views: 24
Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците.
Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова има работно искуство со аутистично дете. Напоменува...
Post Views: 6
Упасени се две лица за кои постоеле основи на сомнение дека оваа „дејност” ја извршувале повеќепати.
Запленета е дрога во помала колична, упасен е А. П. (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Ф. П. (29).
-Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха”, две електронски ваги,...
Post Views: 11
Охриѓани се запознаа со избраните дела од литературното творештво на Бранко Цветкоски сместени во шест тома. Во животот на еден автор во творечкиот период доаѓаат преломни моменти кога се прави сметка со сето она што си го створил во животот рече во таа пригода врвниот македонски поет, критичар и есеист, Бранко Цветкоски.
„ Кај мене се совпаднаа минатата година моите 60 години и 40 години творештво. Минатата година се објави 6-томникот на моите избрани дела главно поезија, критика и есеистика. Во тие томови се направи валоризација на моето книжевно дело од страна...
Post Views: 6
Граѓаните повторно реагираат на големиот број испреплетени жици и кабли кои висат над нивните глави насекаде низ градот.
Овој пат на улицата „Ѓорче Петров“ на самиот влез во нас „Христо Узунов“, телефонски или кабли од кабелските оператори кои веќе на земја кои над самите глави на минувачите, се новата опасност за сите учесници во сообраќајот.
Иако надлежните ветија решение за овој проблем изгледа истиот уште долго же „виси“ над главите од охриѓани.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Пред неколку години Јужна Кореа најави дека за безбедноста во нивните затвори ќе се грижат роботи кои ќе внимаваат на затворениците, а на почетокот на овој месец на настанот “Rise of the robots”, Microsoft прикажа чувари кои ќе се грижат за безбедноста во иднина. Тие чувари – роботи изгледаат како мали вселенски бродови, ги коментирале К5 роботите на PC Mag, а ги движат компјутери со напредна вештачка интелегенција која следи сѐ што се случува, и ако е потребно превзема акција.
Роботите ги развила американската компанија Knightscope и се опремени со 4 HD камери, бројни...
Post Views: 56
Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат.
Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет....
Post Views: 6
Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец.
Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски.
Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност,...
Post Views: 0
Четири дена откако матичните лекари почнаа да работат со печатени рецепти, хаосот во нивните ординации е невиден. Пациентите се револтирани, лекарите се уште слабо се снаоѓаат, а гужвите надвор од ординациите се страшни, коментираат дел од пациентите кои вчерашниот ден го поминале кај своите матични лекари. За ситуацијата да биде поалармантна, болните кои имале поголеми здравствени проблеми, поради технички причини чекаат со часови за да бидат прегледани.Планот на Фондот за здравство за матичните лекари да почнат да работат со печатени рецепти се планираше одамна, ама...
Post Views: 8
Охридските деца од градинките и основните училишта го одбележаа Денот на шегата. Со весели костими и маски се радуваа на 1 Април. Во дворот на ОУ Климент Охридски беше весело. На денот на шегата воразубавувањето на маските по втор пат се вклучува Лајнос клубот Десарети. Овој пат во акцијатa им се приклучи и средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“. Вештите раце на учениците од козметичката насока од ова училиште со нивните професорки и козметичкото студио Изида го разубавија маскенбалот со цртање на лицата на учениците.
„ 40 ученици практиканти од ЕМУЦ од...
Post Views: 0
Во организација на eдриличарскиот клуб „Снегар“ во водите на Охридското езеро забелеaа 25 едрилици. Едриличарските клубови од „Бофор“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ги одмерија силите во неколку олимписки класи во едрење. На регатите учествуваа вкупно 25 едриличари од овие два едриличарски клуба, како и пратечката екипа составена од судии и тренери.
Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7, Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му...
Post Views: 5
Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат фолкорното друштво Охриѓанка, Теквондо клубот и амбулантата издадена под концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција објектот.
„ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...