Post Views: 0
Два автобуси со охридски регистарски таблички, кои превезувале ученици од Струга на екскурзија во Албанија, синоќа се судриле, при што биле повредени пет лица, меѓу кои и три ученици.
Албанската полиција информира дека со потешки повреди се здобил наставникот Беким Даути (49), кој е пренесен во Воената Болница во Тирана. Повредени се и возачот Члирим Дервиши (26) и учениците Премтиме Мустафи (13), Дритан Дервиши (13) и Арлинде Тагири, кои исто така се пренесени во Воената болница во Тирана.
Двата автобуси, се судриле на патниот правец Валона – Фуш Круја при обид за претекнување.
Останатите...
Post Views: 1
Неколку стотици средношколци денеска излегоа на протестен марш во Охрид. Тие ги повторија своите барања, враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, како и да запре воведувањето реформи кои се лоши за образованието. Со пароли во рацете и скандирање „Македонска крвава матура“, „За секој експеримент потребни се глувци“, „Многу реформи -деформи“, „Имаме став, немаме страв“охридските средношколци денес околу 13 часот се собраа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“, по што се упатија кон општинската зграда каде се задржаа малку и завршија на градскиот...
Post Views: 13
Охридското езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од...
Post Views: 1
Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг. Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле.
Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...
Post Views: 1
Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри.
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години.
„Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...
Post Views: 0
Газираниот безалкохолен пијалок, Кокта, со кој пораснаа многу генерации од овие простори, екипата на Financial Times го прогласи за четврта најдобра “кола” на светот. Ова се најинтересните факти од историјата на овој популарен пијалок со карактеристичен вкус.
Создадена е во раните 50-ти – Приказната за Кокта започнала во раните 1950-ти кога раководството на компанијата Словенијавино дошло до замисла за создавање на словенечки пијалок кој би можел да конкурира на слични пијалоци од странство.
Таткото на Кокта – Творецот на Кокта е дипломираниот инженер по хемија Emerik...
Post Views: 3
Охриѓанчиња имаат се повеќе потреба од корекција на говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени...
Post Views: 2
Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени.
Саемот се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем.
Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина...
Post Views: 1
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.
Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на...
Post Views: 1
Протестираат учениците од „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин.
Средношколците од гимназијата „Св Климент Охридски“ веќе втор ден ја бојкотираат наставата, со тоа што не присуствуваат на часовите, туку смената ја поминуваат во училишните ходници. Впечатокот што не дочека во гимназијата беше алтернативна настава, музика и дебати. Клупите и столчиња наместо во училниците беа во ходниците. Освен укинување на математика...
Post Views: 1
Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема.
Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог...
Post Views: 2
Пешаците учесници во сообраќајот сеуште недоволно ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација и не го користат пешачкиот премин за префрлање преку коловозните ленти.
Ова е констатација на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид по вчерашната акциска контрола насочена кон оваа категорија учесници во сообраќајот и евидентирање на прекршоците што тие ги манифестираат.
При контролата извршена и кон возачите на моторни возила, забележано е нивно повремено непочитување на сообраќајните светлосни знаци и на знаците кои ги даваат овластените...