Шест интересни факти за Кокта кои можеби не сте ги знаеле

Кокта не содржи кофеин

 |  инфодеск  | 

Газираниот безалкохолен пијалок, Кокта, со кој пораснаа многу генерации од овие простори, екипата на Financial Times го прогласи за четврта најдобра “кола” на светот. Ова се најинтересните факти од историјата на овој популарен пијалок со карактеристичен вкус.

Создадена е во раните 50-ти – Приказната за Кокта започнала во раните 1950-ти кога раководството на компанијата Словенијавино дошло до замисла за создавање на словенечки пијалок кој би можел да конкурира на слични пијалоци од странство.

Таткото на Кокта – Творецот на Кокта е дипломираниот инженер по хемија Emerik Zelinka, вработен во истражувачката лабораторија на Словенијавино кој го создал освежителниот пијалок користејќи локално лековито растение.

Карактеристичен вкус – Дефинираниот вкус на Кокта произлегува од 11 ралични лековити билки, а меѓу нив е и дивата шипка – плод кој влијае на познатиот вкус и карактеристична арома, кој дотогаш се користел само за време на обични настинки за правење чај од шипки.

Промовирана е на Планица – Кокта во јавноста за прв пат е претставена во март 1953 година на традиционалниот меѓународен натпревар во скијачки скокови на Планица.

Без кофеин – Кокта не содржи ниту кофеин а ниту ортофосфорна киселина. Шипката ѝ дава посебна арома, а лимонот и портокалот продорна свежина.

Во пет вкусови – Освен во стандардниот вкус, Кокта може да се најде и во 5 други различни вкусови, и тоа: Limeta & ginger, mandarina, Easy, Rossa и Chinotto.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top