Post Views: 6
Која е причината што се пробиваат дадените рокови за изведување на градежните работи во Општина Охрид. Во месец август минатата година кога Градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го посетија Лескоец за да видат со која динамика се одвиваат зафатите за поставување фекална канализација, ветија дека работите ќе завршат до крајот на овој месец, но на терен сликата е сосема поинаква. Веќе месеци наназад ништо не се работи.
Во прашање се нерешени имотно правни односи. Денес од наша страна е изработена предмет пресметка која е доставена...
Post Views: 10
Вработените во Емо денес не се вратија на работа. Тие добија известување дека се упатуваат до 19 јуни на нов принуден одмор. За вработените што туку заврши принудниот три месечен одмор ,а новиот раководен тим на ЕМО ги пушта на нов принуден платен одмор. „Принудниот одмор во законските рамки од 3 месеци максимално заврши. Но со оглед дека нема обезбедено работа, ни работни услови за работниците, нема струја од 2014, нема греење побарано беше од наша страна да дадеме согласност за упатување на вработените на 70 посто , но синдикатот не е надележен да донесува одлуки...
Post Views: 3
Привремениот стечаен управник на А1 ТВ Ацо Петров во Основниот суд Скопје – 2 денеска предложи да се отвори стечајна постапка за телевизијата, бидејќи телевизијата има долг од околу 30 милиони евра од кои само 9,5 милиони евра кон УЈП, кој не е способна да го плати.“А1 телевизија е неликвидна и ги исполнува условите за отворање на стечајна постапка“, вели Петров.
Според него, на сметките на А1 ТВ има само 900.000 евра кои не се доволни да се наплатат долговите од околу 1.8 милијарди денари што ги има телевизијата. Во Законот за радиодифузна дејност член 62 стои дека...
Post Views: 6
Денес во Охрид се одржа завршна конференција на проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“ каде беа сумирани заклучоците од проектните резултати . Главната цел на проектот е да се помогне во управувањето со искористувањето на природните ресурси во сливот на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот, како што истакна Ѓоко Зороски од ЕД Грашница, Охрид. Заклучоците се дека, црните еколошки точки на Охридското Езеро како што биле пред 20 години делумно се решени...
Post Views: 92
Во Македонија не постојат статистички податоци за тоа колку жени претприемачи има, за да може да се создаде реална слика.
Се поголем е бројот на жените претприемачи, кои успешно работат и остваруваат приход во до вчера машкиот сектор бизнис. Бизнисите кои ги водат жените би растеле многу побргу доколку им се овозможи еднаков пристап до капиталот каков што имаат мажите. Причина за тоа е што што жените најмногу ги има во сервисните бизниси, како во водењето на училишта, фризерски и козметички салони, туристички агенции и сместувачки капацитети, кетеринг компании и друго.
Мимоза...
Post Views: 2
Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“ на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирот „Св. Наум“.
Зоната ќе се простира на 18 хектари и според најавите ќе содржи хотели, луксузни вили, голф терен и марина. На одлуката најпрво и претходеше пренамена на тамошното земјоделско земјиште во градежно, а потоа и одлука на Управниот суд за одземање на земјиште со површина од пет хектари, кое беше во сопственост на Македонската православна црква, пишува „Билд“.
Во меѓувреме, консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ од Хрватска...
Post Views: 13
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...
Post Views: 3
Сакате да имате понепосредна комуникација со вашиот доктор, сакате да го знаете неговиот професионален рејтинг? Ако тоа досега не било можно, од сега можеби и ќе биде. Токму ваквата непосредна комуникација помеѓу доктор и пациент е целта на креираната веб страна од петчлената екипа програмери CodingMates. Филип Илиески, дел од екипата, вели дека темата ја сфатиле многу сериозно бидејќи има навистина голема применливост. Додава дека човек или е доктор или е пациент, па оттука нејзината полезност е очигледна.
„Наша задача ни беше да завршиме со систем кој би имал голема...
Post Views: 2
Со ефтини аранжмани Охрид ќе ги враќа домашните гости кои годиниве наназад се се помалубројни. Секторот за ТЛЕР заедно со кластерот за туризам кои оваа година од 7ми до 9ти мај се домаќини на петтиот по ред саем за туризам, „Скопје травел“, во својот концепт имаат зацртано да го вратат Охрид како туристичка дестинација на мапата на домашните туристи. Тоа ќе се прави со една поагресивна кампања и со зајакнување на туристичката понуда во месеците кои се вон главната туристичка сезона.
Охрид да не биде како што беше изминативе години дестинација која домашните гости ја...
Post Views: 2
Либанонската полиција ги уапсила сопругата и еден од синовите на водачот на Исламската држава Abu Bakr al-Baghdadi.
Тие се уапсени додека ја преминувале границата помеѓу Сирија и Либанон, пишува The New York Times, но не е објавено ниту името ниту националноста на уапсената жена.
Либанонските медиуми тврдат дека апсењето е изведено во соработка со странските разузнувачки служби.
Жената е уапсена со лажен пасош, а Либанонскиот весник As-Safir јавува дека патувала заедно со еден од синовите и дека во моментот се на испрашување во просториите на Министерството за одбрана,...
Post Views: 5
Пионерите и пионерките од охридскиот стрелачки клуб се вратија со одлични пласмани од стрелиштето во Штип. Третиот по ред Куп во стрелање со воздушно оружје кој е дел од националната програма е настанот од кој охриѓани се вратија со три места на подиумот.
Таму, во поединечна конкуренција со второ место се закити пионерката Симеона Милеска и резултат од 160 кругови, трето место кај пионерките освои Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови, додека кај пионерите, единствениот учесник, Петрит Аголи мораше да се задоволи со трето освоено место и резултат од 152...
Post Views: 0
Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво. Со приватната инвестиција на фирмата „Наватех“ од Охрид сега се овозможува технички преглед на бродската флота на Охридското езеро. Во бродарството имаше од поодамна недостаток од услови за технички преглед на бродовите со извлекување на суво, вели Горан Устијаноски капетан на Охридската капетанија.
„ Платформата е направена од приватни инвеститори и ние како капетанија ја поддржуваме нивната иницијатива. Со овој нивен чекор трајно се решава горливиот проблем кој досега го имавме. Направена е платформа,...