Post Views: 6
На 22.06.2021 околу 13.50 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик, за што денеска му е поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово.
Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2.210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал...
Post Views: 1
Денес и во Охрид ќе се одржи протест против полициската бруталност, после Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово
Протестот е најавен со почеток во 18:00 часот, пред споменикот на Кирил и Методиј на градскиот кеј. Организаторите на совијалната мрежа Facebook велат:
По неделните настани, обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје, и Охрид се приклучува на протестите против полициската бруталност! Охрид гордо стои до Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и...
Post Views: 8
Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено...
Post Views: 10
Богаташот Roger Baillon собирал вредни автомобили од 1950 до 1970 година и сакал да ги реставрира и изложи во музеј,но починал во 2004 година.
Неговиот имот во западна Франција со богатата колекција го наследил неговиот син Jacques, кој исто така починал минатата година и сѐ останало на внуците, пишува Daily Mail.
Тие не посветувале многу внимание на 60-тина зар’ѓани автомобили кои стоеле под трошната стреа, но еден ден сепак одлучиле да повикаат експерти да видат колку тоа вреди или дали воопшто нешто вреди.
Оваа работа ја прифатиле Mathieu Lamoure и Pierre Novikoff,...
Post Views: 2
Во рамки на спроведувањето на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите волонтери на Црвен крст Охрид реализираа проект со кој овозможија детското одделение при Општата болница од Охрид да се збогати со мини детска библиотека.
На тој начин се разубави и олесни престојот на дечињата и нивните мајки во детското одделение.
Полиците за детската библиотека беа обезбедени со средства собрани во хуманитарната акција на младинците на Црвен крст Охрид за гаѓање со воздушна пушка, која се организира во соработка со Стрелачкиот клуб Охрид....
Post Views: 0
Здружението на граѓани „Титоисти“ од Охрид по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, упатија честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и до сите граѓани на Република Македонија. Како што истакна претседателот Радоја Митрески нивното здружение било формирано со цел да делуваат во насока на одбележување на најзначајните празници од НОВ.
„Задачите на нашето здружение е да се заштити од искривување на историјата на ликот и делото и улогата на Јосип Броз Тито, неговата заслуга за признавање и афирмација на македонската нација и формирање и развој на македонската...
Post Views: 1
Фармацевтите не попуштаат пред барањата на Фондот за здравствено осигурување да ги намалат цените на одредени лекови од позитивната листа. Откако се консултирале со нивните матични фирми во странство и направиле детални анализи, 14 фармацевтски комапнии доставиле писмени забелешки до Фондот и чекаат да бидат повикани на разговор. Велат, барањата на ФЗОМ се неразумни, а обвинувањата дека некои од лековите се неколкукратно поскапи од земјите во регионот се неосновани. Фондот минатиот месец најави поевтинување на 115 лекови, што веднаш наиде на силни реакции кај производителите...
Post Views: 0
Денес на патниот правец А2 Кичево-Охрид кај месноста Лавчанско речиште сообраќајот ќе биде во прекин, поради изведување на градежни работи, минирање.
Од АМСМ соопштуваат дека зафатите ќе траат во период од еден час од 16-17.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Канделабрите на муслиманските гробишта, мета на несовесни граѓани во Струга. Имено, утрово, група граѓани, припадници на Исламската Верска Заедница, забележале дека канделабрите на гробиштата некој се обидел да ги уништи. Арслан Шати, некогашен член на ИВЗ, се прашува зошто се уништува трудот на група ентузијасти, кои ги уредиле гробиштата посебно сега пред самата туристичка сезона, кога градот треба да биде среден во секој поглед. Тој има претпоставки кој стои зад се тоа и изјави.„Сигурно станува збор за група хулигани, избркани од дома кои не се свесни за последиците...
Post Views: 3
Грчки студенти на Факултетот за туризам и угостителство си ги прошируваат знаењата во оваа област. Хипократ Каракашоглу веќе втор семестар слуша настава на охридскиот факултет. Тој пристигнал тука преку програмата мобилност на студенти. Тој се одлучил да студира во Македонија пред се од лични причини бидејќи корените на неговото семејство биле од вардарскиот дел на Македонија. Никогаш претходно не бил во Охрид, а слушал за неговите убавини и туристички потенцијал.
Очекував многу, но открив и повеќе од очекуваното. Навистина. Сите туристи кои доаѓаат овде, доаѓаат со...
Post Views: 3
При градежни активности оштетени цефки за канализација и оставени така повеќе од една година. На улицата „Браќа Миладиновци” во Охрид веднаш над Античкиот театар до црквата Богородица Пандонос од оштетени канлизациони цефки течат фекалии.
Овој случај загрижени граѓани го пријавија во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија.
Ова се случи кога започна градба на објект, кој беше стопиран од Завод и музеј поради пронајдени археолошки наоди. При градежните активности оштетени се цефките за канализација. Фекалии повеќе од една година понираат во земја....
Post Views: 0
Денес мештаните на У.Е. Лагадин до надлежните органи и ресорни министерства го испратијаприговорот за зачувување на мирот, спокојот и природата во населба Лагадин икрајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани.
Приговорот е потпишан од околу двесте лица, сопственици на домови и комерцијални објекти вонаселбата и долж крајбрежјето, што се всушност сите мештани со само неколкуискучоци. Сите имаат едногласен став дека на Лагдин ниту на Охридското езеро кое светот го препознал посвоите автентични природни богатства, НЕ му доликува да стане лоша мегаломанска копија...