Хулиганите во Струга не знаат што прават

Уништени неколку канделабри на муслиманските гробишта во Струга. На кој му сметаат убавите нешта на светите места? Ова прашање го постави Арслан Шати од Струга, претставник на Исламската верска заедница.

 |  Билјана Николовска  | 
unishteni kandelabri
уништени канделабри

unishteni kandelabriКанделабрите на муслиманските гробишта, мета на несовесни граѓани во Струга. Имено, утрово, група граѓани, припадници на Исламската Верска Заедница, забележале дека канделабрите на гробиштата некој се обидел да ги уништи. Арслан Шати, некогашен член на ИВЗ, се прашува зошто се уништува трудот на група ентузијасти, кои ги уредиле гробиштата посебно сега пред самата туристичка сезона, кога градот треба да биде среден во секој поглед. Тој има претпоставки кој стои зад се тоа и изјави.
„Сигурно станува збор за група хулигани, избркани од дома кои не се свесни за последиците од овој вандалски чин“
Одговорните веќе се известени за овој немил настан, вели Шати и додава дека претстои опасност одструен удар доколку некој што не знае ги допре оштетените канделабри.
Шати смета дека за вакви работи државата треба да биде активна и да обезбеди средства за чуварска служба, бидејќи очигледно се наметнува таква потреба. Тој додаде, дека, иницијативата на групата ентузијасти, кои го уредиле овој простор, не треба да се товари повеќе од она што го има направено, посебно во време на оваа тешка економска криза.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top