Дали сонот ќе стане реалност

Post Views: 1   Никола Грунчески има 18 години и е матурант во колеџот Јахја Кемал. Ово ј млад човек  моментално се наоѓа на животниот крстопат кога треба да одлучи по кој пат да тргне. Секој правец е послан со задачи, бројки и геометриски фигури и тела, но некој води до престижните европски универзитети, а некој во соседните земји. Никола од кога знае за себе се дружи со математиката. Добиеното прво место на регионалениот натпревар кога бил четврто одделение бил пресуден за тој да ја засака математиката и да и се посвети максимално. Се ределе успеси и награди на државно ниво, но...

Continue reading

Актуелна трговијата со дрва на „црно“

Post Views: 3 Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Јабланица. Жители на соседна Албанија преку границата, поддржани од мештаните во околните села, постојано вршат нелегална сеча. Трговијата со дрва на „црно” посебно е актуелна пред стартот на грејната сезона. Полицијата во изминатиот период одзеде голема количина дрвна маса, која нелегално се транспортирала од планинскиот појас на патот Струга-Дебар. При секоја заплена на дрвокрадците им се одземаат коњи, џипови, камиони, алат за сеча и огревното дрво. Со поставување на пунктови и заседи и прегледи на терен и сите активности...

Continue reading

tocaci turisti

Швајцарски туристи уживаат во масажа со босилок, вкусна риба и возење велосипеди на Галичица

Post Views: 12 Туристи од Швајцарија во тридневни аранжмани ќе уживаат во убавините на стариот дел од градот, ќе се запознаваат со охридските занаети, ќе ручаат рибни деликатеси пловејќи на сплав до изворите кај Св.Наум, ќе јаваат магариња во Елшани. По денот исполнет активности, ќе се релаксираат со прекрасна етно масажа со нане, мајчина душица и босилек во Елшани, а со поглед на езерото.  Ова се само дел од бројните благодети во кои туристите ќе уживаат во одморот полн со активности. Нивната посета на Охрид е во рамките на интегрираната инфо тура на туристичкиот кластер „ЕДЕН“ од...

Continue reading

Од пролеттва повторно ќе има кино проекции

Post Views: 3 Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“. После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата уметност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно. Проблемот што толку долго време Охрид остана без кино проекции е од техничка природа. Новиот директор, Горан Симоновски вели дека проблемот со дефектот на прожекторот и некои други пропратни елементи набрзо ќе биде надминат. Сме во преговори со Агенцијата за филм од Скопје пошто прожекторот е во нивно владение и во договорот стои дека тие треба да го одржуваат...

Continue reading

kabast

Комуналец ќе подига кабаст отпад во Билјанини извори

Post Views: 6 Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 16- ти мај, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „ Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.  

Continue reading

avion

Оваа сабота прскање против комарци

Post Views: 0 Од министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на викендот ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Престојното прскање на комарци во општина Охрид ќе биде извршено на 16- ти мај, сабота, на вкупна површина од 1500 хектари.Со дезинсекцијата на ниво на Македонија ќе биде третирана вкупна површина од 6000 хектари, со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.  

Continue reading

Најбрз природен лек за болно грло

Post Views: 2 Чувството на пецкање и кашлање се најчести тегоби во зимските месеци, кои нема да ве легнат в кревет, но телото ќе биде исцрпено и ќе предизвика нервоза. Доколку сте приврзаници на природното секако дека во вашите домашни рецепти треба да направите место за најбрзиот чај кои ќе ги елиминира болките во грлото и истовремено ќе го подобри вашето расположение. Ѓумбирот во последно време се вкорени не само во кујната како омилен зачин од предјадење до десерт, туку и како спасоносен лек за бројни тегоби. Ова неугледно растение ја намалува мачнината, ја поттикнува циркулацијата...

Continue reading

dom za stari parcela

Струшки АД „Илинден“ ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица

Post Views: 24 Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари.   Домот за стари лица кој ќе биде изграден...

Continue reading

donacija

ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина

Post Views: 0 Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес. „Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна настава...

Continue reading

kulturno nasledstvo-repliki

Нови објекти за промоција на македонското наследство

Post Views: 27 Унифицираните монтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно – туристички промотивен материјал наскоро ќе бидат поставени на фреквентни и атрактивни локации во повеќе градови во државава, во туристичките центри, како и на граничните премини и во националните паркови.Според  Министерството за култура, во овие објекти ќе се продаваат автентични и препознатливи сувенири – копии на археолошки наоди од Република Македонија, кои ќе претставуваат сублимирани материјални симболи на Македонија, на македонската традиција, култура, уметност, наследство,...

Continue reading

Странците не се откажуваат од одмор во Охрид

Post Views: 1 Нема поголеми откажувања на странските гости, заради актуелната безбедносна состојба во државава и последните настани во Куманово, тврдат туристичките работници од Охрид. Сопственикот на туроператорот „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ, категоричен дека вестите за случувањата во нашата земја кои го обиколија светот, нема негативно да се одразат врз бројот на странски гости кои доаѓаат на охридско – струшкото крајбрежје, но посочи дека има знаци на претпазливост, кои и им биле предочени посебно на туристите кои доаѓаат од Холандија. „Тоа е по објавата на официјалната...

Continue reading

misleshevo

Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Post Views: 20 Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци. Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top