Скратени часови за учениците од утре до четврток

Post Views: 9 Вторпат од почетокот на учебната година високите температури се причина наставата да трае до 12 часот. Ваква одлука донесоа министерствата за образование и здравство по препорака на Комисијата за заштита на населението од топлотни бранови. Така ќе биде во наредните три дена, но во зависност од прогнозите на синоптичарите не е исклучена можноста од продолжување на скратената настава. ….на оваа мерка се одлучивме по препорака на надлежната комисија во министерството за здравство. Тоа значи дека сите директори и наставници мора да ја прилагодат програмата и наставата...

Continue reading

konferencija

Промена на безбедносниот систем во чекор со актуелните случувања

Post Views: 0 Безбедносната ситуација во Македонија и регионот по настаните во Куаманово е стабилна и нема потреба од загриженост, ова е оценката на експертите по безбедност од регионот. Сепак по случувањата во Куманово  се потребни реформи  на безбедносниот систем на државата, смета професор  Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност од Скопје. Мојаноски напоменува дека реформите се потребни од поодамна. Времето е динамично има нови закани и средства кои се користат , а ниту еден безбедносен систем не е вечен. Апсолутно последните  настани  треба да ги забрзаат  потребните реформи...

Continue reading

sepca

Македонија на чело на SEPCA

Post Views: 0 SEPCA е асоцијација на полициските служби од регионот каде што се вклучени директорите на полициите и нивните кабинети, со цел заедничко делување во регионот за сузбивање на организираниот криминал. Главни проблеми со кои се соочуваат земјите од регионот се: трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во администрацијата на институциите и тероризмот. Ваквиот став го делат директорите на полициските служби на Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие денеска се состанаа во Охрид, во чест на превземањето на претседателството на SEPCA...

Continue reading

skolo

Зголемен бројот на првачиња

Post Views: 2 Зголемен бројот на првачиња кои се запишаа во некои основни училишта во градов. Споредбено со минатата година бројот е пораснат за 20%, велат директорите на овие училиштата. Во основното училиште „Христо Узунов“ од први до 31 мај се запишале 137 ученици. Квотата за упис според реонот во кој припаѓаме е пополнета. Дури имаме интерес и на деца кои се од други реони, а сакаат да се запишат кај нас. Оваа година имаме тренд на растење во бројот на првооделенци, вели Тони Симоноски, директорот на ОУ „Христо Узунов“. Првачињата во ОУ „Христо Узунов“ ќе бидат распределени во...

Continue reading

Изведена нова оперативна метода на рамен зглоб во охридската специјална болница „Св. Еразмо“

Post Views: 4 Применета е нова метода во оперативното лекување во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид. Изведена е хируршка интервенција кај пациент со фрактура на рамо на кој му е направена имплантација на рамен зглоб. Со овој зафат се олеснува животот на пациентите и на нивните семејства. Зафатот го изведе тим ортопеди, д-р Јордан Смически, д-р Огнен Шешоски и д-р Александар Стевоски, анестезиологот д-р Хари Шокароски, со помош на д-р Ненад Петков од болницата 8 ми Септември од Скопје, кој прв започна да ја применува оваа метода во државава.  Оваа...

Continue reading

sredba

Градоначалникот на Дебрца ги слушна маките на жителите од Горенци

Post Views: 1 На средбата во с.Горенци Градоначалникот Игор Трајкоски  ги запозна  жителите со проектот за изградба на фекална канализација  во с.Горенци. На присутните жители им беше образложена трасата каде ќе поминува  канализационата мрежа.Изградбата на фекалната канализација ќе биде во  должина од 8 500 метри,а цевките ќе се поставуваат на длабочина  од 2 до 4 метри и истата  ќе  биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација. Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата за што Агенцијата за финансиска...

Continue reading

СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

Post Views: 4 Со цел да се обезбеди соодветна подготовка на охридското крајбрежје во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, Општина Охрид и екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти. Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации. Се спроведоа активности за чистење на дивата вегетација. Во моментот се врши засадување на нови садници на дрвја, се поставуваат нови контејнери, канти за отпад и се поставуваат...

Continue reading

damjana vidicseska

„Бруклин“ на Дамјана Видическа

Post Views: 2 Во среда (3-ти јуни) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „Брукли“ на авторката Дамјана Видическа. Оваа книга е третото дело на Видическа. Пред тоа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година. Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.  

Continue reading

hartija

Акција за собирање стара хартија во Охрид

Post Views: 0 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месецов ја прогласи за „Недела на  животната средина “. Во рамки на одбележувањето, во соработка со основните   училишта од Охрид, на 4 јуни ( четврток) во периодот од 8 до 17 часот, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив...

Continue reading

Мурињо најбрзо ја проби магичната граница

Post Views: 0 Ниту Фергусон, ниту Венгер, туку харизматичниот португалски тренер, Мурињо, ја испиша новата страница во историјата на англискиот фудбал. Неговиот Челзи во саботата славеше против Хал Сити со 2-0, а Мурињо како менаџер на клубот од Стенфорд Бриџ (по втро пат во кариерата) го освои 400-от бод во 174 натпревари на Премиер лигата. Ниту Сер Алекс Фергусон, а ниту Арсен Венгер не успеаа да соберат толку бодови во толку “малку” натпревари. Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед му требаа 191 натпревар да освои 400 бода, додека на Венгер на клупата на Арсенал му требаа...

Continue reading

ОЕМУЦ

Се прават последните подготовки за екстерното тестирање

Post Views: 5 Средношколците од прва, втора и трета година подготвени за екстерно тестирање. Од утре во сите средни училишта во градов започнува спроведувањето на ова тестирање со кое треба да се провери знаењето на учениците, но и квалитетот на наставниците. Во Охрид ќе бидат тестирани над илјада средношколци. Во средните училишта во градов се прават последните подготовки за екстерното тестирање. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ тестирањето ќе се спроведува на 499 ученици. Од саботата веќе се објавија списоците  со дел од предметите по кои ќе се тестираат учениците. Кај нас се е подготвено...

Continue reading

velosipedi

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Post Views: 3 Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top