• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Велосипедската полициска патрола при СВР-Охрид, велосипедските клубови и граѓани ентузијасти ќе возат велосипед во рамки на кампањата „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што се реализира низ целата република.

 |  Мишел Наумоски  | 
velosipedi

Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај.

velosipedi bezbednostОпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“. Дефилето започнува утре, во 11 часот и 30 минути од пред платото на Домот на култура на кеј „Македонија“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top