junaci

Вака никој не бил пречекан

Post Views: 3 Нашите златни момчиња претпладнево се вратија од Литванија. Македонската контрола на летање соопшти дека повикувачкиот знак за авионот со кој долета македонските кошаркари од Литванија е „Macedonian pride“ (Македонска гордост)… На скопскиот аеродром беа присутни околу 5.000 илјади љубители на кошарката од цела Македонија.Околу 100.000 граѓани  ги чекаа нашите кошаркарски херои на плоштадот “Македонија“. Откако слетаа на скопскиот аеродром “Александар Велики“  кошаркарските легенди со панорамскиот автобус крстосуваа низ главниот град.. Црвено-жолтата боја доминираше...

Continue reading

akcija

„Комуналец“ ќе подига кабаст отпад од Воска, Даљан и Кошишта

Post Views: 1 Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните на Општина Охрид дека утре, 6- ти јуни (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 3 и 4, населбите „Кошишта“ , „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го по...

Continue reading

kanalizacija

Комунален проблем стар десет години

Post Views: 2 Неодамна до нашата редакција пристигна допис од граѓани кои живеат на оваа улица, во кој тие реагираат во врска со отворена јама, од која истекува атмосферска и канализациона вода, која се собира во каналот пред нивните дворови. Тие се жалат дека во летниот период смрдеата која доаѓа од водата е неподнослива, додека за време на зимата се соочуваат со поплави. Поради лошото искуство со поплавите, некои од жителите се дури приморани да ги заштитат своите ќуќи со изградба на дополнителни потпорни ѕидови, кои сепак претставуваат привремена заштита од надојдените води во...

Continue reading

Волонтерите од Општа болница Охрид добија решение

Post Views: 7 77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време. Потпишувањето на договорите следува по носењето на Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство кој се изгласа во февруари годинава. Довчерашните волонтери не ја криеја неизмерна радост и солзи во очите, а имаше и такви кои донесоа торта за да биде блага работата. „Скоро 12 години бев волонтер со договор на дело. А сега моменатално сум многу благодарна од премиерот Никола Груевски, Никола Тодоров и нашиот директор што ни ја овозможија денес оваа...

Continue reading

Ќе се доделуваат канти за отпад

Post Views: 0 Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Григор Прличев“, „Петар Чауле“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Бранко Шотра“, „Нада Филева“ и “Димче Маленко“. Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„Механизација“ на ул.„АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба...

Continue reading

avt stanica

Охридската автобуска станица ќе функционира како и досега, современа ќе се гради од 2016

Post Views: 1 Автобускиот меѓуградски сообраќај на Охрид  со другите дестинации ова лето ќе се одвива нормално. Поаѓањето и доаѓање на автобусите, издавањето на билети ќе се одвива и понатака на тој простор, велат од општина Охрид. Земјиштето на  Автобуската станица го презеде компанијата Делфина турс од досегашниот превозник Галеб, а го купи градежното земјиште за да гради современа автобуска станица. Сега на просторот се случуваат некои градежни работи па граѓаните се прашуваат како функционира автобуската во претстојната туристичка сезона.   „ Градежните активности ќе стартуваат...

Continue reading

Во Охрид пронајдена марихуана кај 20-годишно лице од Радолишта

Post Views: 1 На 25-ти јуни 2021 година, во 20:15 часот на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 20-годишниот Б.К. од струшкото село Радолишта. – При преглед во неговото патничко возило марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Continue reading

охридски чун

Во езерото заплови реплика на охридски чун

Post Views: 1 Реплика на  охридскиот рибарски чун заплови во езерските води. После 3 децении се изработи  охридскиот чун според изгледот на оргиналниот чун кој беше уништен пред неколку години од одрон на карпата кај Лапидариумот.  Неговата пловност денес беше испробана на пристаништето и  предизвика љубопитност кај многу охриѓани и туристи.Чунот ќе биде само музејски експонат, информира архитектот Горан Патчев од Завод и Музеј.   „Ова беше пробна пловидба да видиме како чунот ќе се однесува во вода, беше успешно. Сега го носиме во лапдириумот кај Робевци. Таму ќе биде изложен и ќе...

Continue reading

igralishte

Отворено спортското игралиште во Подмољe

Post Views: 8 На пригодна свеченост и со финален фудбалски натпревар, синоќа во охридското село Подмоље беше ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште за фудбал, кошарка и одбојка. Игралиштето кое се протега на површина од  750 метри квадратни е добро осветлено, оградено и хортикултурно уредено со пристапни патеки и скали  кои водат до новите навивачки трибини. Градоначалникот Никола Бакрачески кој вечерва се обрати пред присутните укажа на важноста од спортот и спортувањето а најави и нови маалски и детски игралишта во градов. -Ова повеќенаменско игралиште за фудбал...

Continue reading

Пет работи кои не е пожелно да бидат на социјалните мрежи

Post Views: 2 Експертот за безбедност Andy O’Donnell на about.com, дал неколку совети за тоа што не е добро да се открива на социјалните мрежи. –Датум на раѓање – Знаејќи го овој и уште 3-4 податоци лесно може да ви се случи некој да го превземе вашиот идентитет. Доколку не сте опседнати со тоа луѓето да ви го честитаат роденденот, изоставете  ја барем годината на раѓање и така ќе им ја отежните работата на крадливците на идентитет. –Домашна адреса – Со објавување на овој податок, превземате голем ризик. Во случај да објавите и кога сте на годишен одмор, арамиите нема...

Continue reading

svr

Кражба на пари од црква во Пештани

Post Views: 2 Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.  

Continue reading

tanc

Танцов спектакл во Охрид

Post Views: 9 Балетското студио „Визави“ во недела на 7-ми јуни 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  го организира настанот „Танц со ѕвездички“. Гости на оваа прекрасна танцова забава ќе бидат дечиња од Детската градинка „Јасна Ристеска“, КУД „Гердан“ и „Распеано Рибарче. Настанот ќе започне во 13 часот, а влезниците чинат 50 денари.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top