Вака никој не бил пречекан

Македонија им приреди величествен дочек на своите спортски херои.

 |   | 
junaci
јунаци

Нашите златни момчиња претпладнево се вратија од Литванија. Македонската контрола на летање соопшти дека повикувачкиот знак за авионот со кој долета македонските кошаркари од Литванија е „Macedonian pride“ (Македонска гордост)…

На скопскиот аеродром беа присутни околу 5.000 илјади љубители на кошарката од цела Македонија.Околу 100.000 граѓани  ги чекаа нашите кошаркарски херои на плоштадот “Македонија“.

Откако слетаа на скопскиот аеродром “Александар Велики“  кошаркарските легенди со панорамскиот автобус крстосуваа низ главниот град..

Црвено-жолтата боја доминираше од илјадниците  македонски знамиња кои  ги вееја луѓе од најразлични возрасти. Возачите излегуваа од своите автомобили и ги поздравуваа кошаркарите, луѓе стоеја по тротарите и мафтаа,, млади и стари, дедовци и баби со своите внучиња во раце. Река од емоции, возбуда, гордост се слеваше накај центарот на Скопје.

Кошаркарите први ги поздравија младинските кошаркарски тимови од целата држава.
junaci

Потоа следеше можеби највеличенствениот момент од прославата, кога нашите јунаци минаа под триумфалната капија. Звукот на тапаните и зурлите со стопи со овациите од толпата. Конфети, подигнати раце, илјадници срца сплотени во едно.
Секој сакаше да ги допре, да им подаде рака, да се слика со нив. Не изостана ниту државниот врв. Претседателот Иванов, Премиерот Груевски со прегратка им заблагодарија на спортските херои за она што го направија за нацијата..

junaci

Радоста ескалираше кога Кошаркарите беа најавувани еден по еден на бината и никој од нив не можеше да ја сокрие возбудата од глетката на плоштадот.

Дванаесетмината и Докузовски добија пречек кој им ја избриша тагата поради недосонуваниот сон. Оваа кошаркарска приказна ќе се памети и ќе се прераскажува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top