• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската автобуска станица ќе функционира како и досега, современа ќе се гради од 2016

Охридската автобуска станица ќе функционира како и досега, современа ќе се гради од 2016

Охридската автобуска станица ќе функционира како и досега, современа ќе се гради од 2016

 |  Валентина Неловска  | 
avt stanica

авт. станицаАвтобускиот меѓуградски сообраќај на Охрид  со другите дестинации ова лето ќе се одвива нормално. Поаѓањето и доаѓање на автобусите, издавањето на билети ќе се одвива и понатака на тој простор, велат од општина Охрид. Земјиштето на  Автобуската станица го презеде компанијата Делфина турс од досегашниот превозник Галеб, а го купи градежното земјиште за да гради современа автобуска станица. Сега на просторот се случуваат некои градежни работи па граѓаните се прашуваат како функционира автобуската во претстојната туристичка сезона.  

„ Градежните активности ќе стартуваат подоцна. Но,  компанијата  е должна да ги заврши сите постапки за обезбедување на одобрение за градба на автобуската станица. Во меѓувреме нашето барање и инсистирање е да се овозможат минимални технички услови за да  продолжи со работа автобуската станица“, информира Спасески.

Автобуската станица и досега работеше со минимални технички услови, па веруваме дека компанијата Делфина Турс ќе преземе активности да ги  обезбеди тие  услови од Министерствота за транспорт и врски како и досега, вели Спасески.

„ Министерството за транспорт и врски ги утврдува минималните технички услови за една локација  да работи како автобуска станица. Прв услов е во ДУП локацијата да е наменета за автобуска станица. Другите технички критериуми ќе се задоволат брзо. Фирмата која ќе гради ќе направи Охрид да добие современа автобуска станица“, напоменува Спасески.     

Компанијата Делфина турс го купи градежното земјиште на кое доега функционираше автобуската станица од Локалната самоуправа. Според договорот  компанијата има обврска современата станица да ја изгради за 4 години. Рокот тече од денот на потпишување на купопродажниот договор. Спасески најавува дека градежните зафати може да се очекува да  стартуваат на почетокот од  2016 година.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top