Post Views: 1
„Георгиески е синоним за урбан хаос, селективност и партиски вработувања. Иако е во тек оглас за 16 нови вработувања, Георгиески предлага нови 40 партиски послушници кои ќе ги вдоми во превработената Општина повторно удирајќи по џебот на охриѓани.
Наместо како што вети враќање на долгот на општина Охрид и одблокирање на сметката, решавање на горливите проблеми, охриѓани добија повисоки сметки за плаќање, урбан хаос, неуредени и неисчистени плажи, уништена туристичка сезона, раскопани улици, депонии и ѓубре низ целиот град. Цел мандат на Власта предводена од СДСМ ќе заврши...
Post Views: 9
375 охриѓани само изминатава година решиле да го напуштат родното огниште и спасот од тешката финансиска ситуација да го побараат во странство. Ова се дел од фрапантните податоци со кои минатата недела излезе Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на миграциите на населението. Само во 2014та државата ја напуштиле 740 граѓани во потрага по подобар живот. Охриѓани се наоѓаат во самиот врв на уште еден негативен тренд, а тоа е миграцијата во некој од другите градови во државата, каде единствено пред нас според статистичките податоци котира главниот град Скопје....
Post Views: 11
Општина Охрид сеуште не го спровела земјеното прскање против комарци за оваа летна сезона. Доцни исполнувањето на законската обврска на општината која произлегува од Законот за заштита на населението од заразни болести. И додека се чека да се реализира овој зафат во ноќните часови во Охрид има наезда од инсекти во разни делови од градот, а посебно е видливо покрај кејот на езерото. Охриѓани се зачудени од појавата на бели ноќни пепрутки кои во роеви се појавуваат околу осветлувањето на кејот. За оваа појава граѓаните коментираат дека надлежните треба да консултираат...
Post Views: 0
Истражување под покровителство на Европската унија открило големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт, најголем во Германија, каде оружје неприметено ја поминало контролата на патниците, известува германскиот весник Bild Am Sonntag.
Лошата обука е главната причина на тие пропусти, спрема тајната истрага која е спроведенa по иницијатива на Европската унија, открива весникот.
Еден од двајца инспектори успеал да пренесе оружје и опасни супстанци низ безбедносната контрола на патниците. Извештајот на ЕУ предупредува на очигледната неспособност на...
Post Views: 1
Ознака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите.
Странските туристи нашата земја ја доживуваат како егзотична дестинација која нуди природни убавини, традиција и културно-историско наследство во комбинација со вкусна традиционална кујна и топлото гостопримство. Ова го препознаваат голем број туристички работници кои се повеќе нудат пакети со еко и планински туризам, вински, рурален туризам. Селските домаќинства во руралните средини од крајот на минатата...
Post Views: 1
Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека поради изведување работи на пат, минирање, денес, ќе има прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита.
Прекинот ќе биде во периодот од 16 до 17 часот, во траење од 15 до 20 минути.
Post Views: 57
По повод четири години од последниот, хуманитарен концерт на Тоше Проески, вечер од 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе биде одржана третата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, организирана од членовите на Фан клуб форумот на Тоше.
Фан клубот во соработка со Црвениот крст на Град Скопје денеска од 10 до 18 часот во Дом на АРМ организира и крводарителска акција во чест и сеќавање на Тоше, кој на овој ден во 2007 година одржа голем концерт на градскиот стадион, чиј приход беше наменет за училиштата во Македонија.
Ќе се пејат сите негови хитови...
Post Views: 2
Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во вторник и петок.
До граѓаните се апелира да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.
Post Views: 5
Денес Охридското езеро се пориби со 360 000 единки од ендемскиот вид пастрмка. Порибувањето со овој вид риба спаѓа во рамките на редовните годишни активности на охридскиот Хидробиолошки завод. Овој период од годината посебно е погоден за опстанокот на пастрмката вели првиот човек на оваа установа Гоце Костоски. Костоски е голем оптимист дека мора да успеат во нивните напори, овој вид риба да се зачува во езерските води .Факт е дека легалниот лов на пастрмката од албанска страна многу допринесува за угинување на овј вид, вели Костоски. Додава дека досега сеуште не се...
Post Views: 1
Кој како од концесионерите на плажите води сметка за почитување на безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница, ги обележале пливалиштата сопловаци и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс, Младост и Извиднички …., Точков ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени спасителски...
Post Views: 5
Руски дипломат, осомничен дека е таен агент на руската разузнавачката служба ФСБ, минатиот месец бил пронајден мртов пред руската амбасада во Берлин, објавија германски медиуми. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи рече дека се свесни за смртта на дипломатот, но, не може да даде повеќе детали.
Дер Шпигел објави дека се верува оти 35-годишниот маж паднал од горниот кат на зградата на амбасадата во центарот на Берлин, на само неколку чекори од Бранденбуршката порта. Руската амбасада не се согласи на обдукција на телото и германските обвинители...
Post Views: 0
Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро 7 децении. Во моментов кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу 40 членови, вели претседателот и државен селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат 40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.
„ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам да имаме...