Post Views: 4
Не се почитува одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро улицата „Коста Абраш“ да биде затворена за секаков вид на сообрќаj.
И покрај ваквата одлука, некои од гостите, а богами и некои охриѓани, без проблем викендов ги забиколуваат метални бариери кои се поставуваат во попладневните часови. Во периодот кога е направена фотографијата, на оваа локација која долго време е сообраќајен проблем не беше забележано присуство на полицијата.
Угостителските објекти на овој потег пак, ја почитуваат одлуката...
Post Views: 0
По завршување на распишаниот оглас за избор на младинска која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со центарот.
Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид. Дополнително со договорот ќе биде предвидена и годишната програма за работа на Младинскиот центар за 2022 година.
Post Views: 3
Наша сограѓанка се жали дека нејзиниот син бил жртва на судска неправда. Таа вели дека охридскиот суд неосновано го осудил нејзиниот син за извршено кривично дело „силување“ бидејќи според неа за тоа немало докази. Токму поради тоа, таа вели дека ја обжалиле првичната пресуда од четири години казна затвор за нејзиниот син во Апелациониот суд во Битола. Од таму била добиена одлука за спроведување на повторно судење во Охридскиот суд на кое таа вели дека уште еднаш му била потврдена првичната пресуда. Според неа, во Охридскиот суд не било земено во предвид стручното вештачење,...
Post Views: 6
Со посебна гордост објавувам дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и донесоа историска одлука. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето на Република Северна Македонија.
Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје...
Post Views: 17
75 милиони денари вредната плажа во Лагадин која според најавите треба да добие медитерански изглед, наместо во август, како што првично беше најавено, ќе биде уредена по завршувањето на летната туристичка сезона.
Ова е одговорот кој денес го добивме од Министерството за транспорт и врски, на прашањето кога ќе се започне со уредување на оваа плажа. Во однос на постапката за издавање на одобрение за уредување на плажата, од министерството велат дека тоа е во надлежност на општина Охрид. Инаку целата процедура започнува со барањето на општина Охрид за уредување на пет...
Post Views: 2
Охрид туристичката сезона ја започна со избледени пешачки премини, а на повеќе места хоризонталната сигнализација е дури и невидлива. Вообичаено, обновувањето на хоризонталната сигнализација се прави пред сезона и се изведува еднаш во текот на годината, а годинава, бојадисувањето започна во екот на сезоната. Пред 3-4 работни денови започна обновувањето на пешаките премини на улиците Јане Сандански, Булевар Туристичка и на поголемите улици во централното градско подрачје. Процесот на бојадисување се одвива претежно во вечерните часови, напоменува Љупчо Танески од...
Post Views: 2
Авионот на AirAsia, кој исчезна утрово на летот од индонезискиот град Сурабај кон Сингапур, не пратил никаков повик за помош, рекол директорот на индонезиската агенција за воздухопловство при министерство за сообраќај Joko Myrio Atmodjo.
Авионот изгубил контакт со контролата на летање откако побарал дозвола да ја зголеми висината за да избегне облаци. Авионот од типот Airbus 320-200, со 155 патници и седум членови на екипажот е во сопственост на индонезиската компанија AirAsia. Летот QZ8501 изгубил контакт со контролната кула во Џакарта во 6.17 часот по локално време,...
Post Views: 7
Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите заради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б.
При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетат на паркот со точна релација.
Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во...
Post Views: 8
Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го Утре се одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис.
Оваа година, под мотото ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга. и тоа:
1. вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар...
Post Views: 1
Европратениците од Бугарија Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев се пожалиле на еврокомесарот на проширување Штефан Фуле дека македонскиот филм шири историски манипулации кон Бугарија – пишува „novini.bg“.
Тие дури ги повикале организациите кои го финансираат филмот да ја повлечат поддршката или да гарантираат „дека сценариото ќе биде променето така да не содржи историски манипулации кои поттикнуваат јазик на омраза меѓу соседни држави“.
Без да наведат што во содржината на филмот ја предизвикало реакцијата, тие испратиле писмо до Филе во кое пишува:
„ Очигледно...
Post Views: 8
Деновиве Историскиот Архив на РМ – одделение Охрид, се средува внатрешно и надворешно. Како што истакна првиот човек, Славица Јанкоска, која од неодамна е назначена на раководната функција на оваа установа, се зафатиле со ваквите активности во пресрет на актуелниот настан кој за прв пат го организира Историскиот архив на РМ, односно отворениот ден за јавноста кој ќе биде на 01, август годинава. Таа нагласи, сите заинтересирани граѓани на Охрид, ќе можат да се запознаат со работата во Архивот, да го разгледаат објектoт во кој е сместен Архивот и да ја видат импознатната...
Post Views: 2
Бранко оди си, Македонија не те заборава. Ова е пораката која вчераутро ги разбуди стружани. На ова веднаш реагира од ОО на СДСМ од Струга. Претседателот на партијата Александар Попоски овој чин најостро го осуди и го окарактеризира како тотална безидејност на ВМРО – ДПМНЕ и неможност партијата на власт да ги реши проблемите на граѓаните. Тој кажа и зошто е тоа така.„После нивните два неуспешни митинзи на кои и покрај притисоците и користењето на сите државни ресурси, имаа двојно помалку луѓе отколку на нарофниот собир во прилеп, Груевски и фамилијата се во паника, а...