Во петок ќе се издаваат дозволи за движење во НП „Галичица“

Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите  заради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б.

 |  Голабовски Крсте  | 
info tabla

GalicicaПри посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на  посетат на паркот со точна релација.

Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна дирекцијата на паркот, се движи од 1500 до 2000 евра.

Тоа значи дека секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата за престој или посета на паркот. Овие одобренија ќе се издаваат во дирекцијата, а за сите информации посетителите можат да се информираат на телефонот 046/ 261 473.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top