Историскиот архив ги отвора портите за јавноста

Историскиот архив се подготвува за импозантна изложба која треба да се случи во очи на големиот празник, Илинден. На 1ви август охридското одделение на државниот архив за прв пат ги отвора вратите за јавноста, вели новиот раководител  Славица Јанкоска. Истражувачка работа, подобрување и збогатување на фондот на архивот, останува главна заложба на оваа институција.

 |  Николоска Биљана  | 

Деновиве Историскиот Архив на РМ – одделение Охрид, се средува внатрешно и надворешно. Како што истакна првиот човек, Славица Јанкоска, која од неодамна е назначена на раководната функција на оваа установа, се зафатиле со ваквите активности во пресрет на актуелниот настан кој за прв пат го организира Историскиот архив на РМ, односно отворениот ден за јавноста кој ќе биде на 01, август годинава.  Таа нагласи, сите заинтересирани граѓани на Охрид, ќе можат да се запознаат со работата во Архивот, да го разгледаат објектoт во кој е сместен Архивот и да ја видат импознатната изложба која специјално ја подготвиле по тој повод.

„Да ја посетат изложбата каде што ќе бидат експонирани импозантни стари документи што ги чуваме во архивот. Како предизвик ќе кажам само дека на таа изложба ќе бидат изложени документи и книги што ги чува охридскот депо од 14 век до денес“ – вели Јанковска.

Архивот располага со три одделенија, одделението за заштита на архивскиот материјал кај имателите на документите во институциите, заштита на архивскиот материјал во депото и средување и обработка на архивскиот материјал, појаснува Јанкоска. Додава дека секојдневно кај нив доаѓаат луѓе кои најчесто поднесуваат барања за документи од имотно правна природа, урбанизмот, за дополнување на стаж. Но има и поединци кои до архивот доставуваат лични и семејни документи од кои дел се од големо културно историско значање за Охрид.

„Уметникот Мајкл Клос кој досега има над 120 сопствени изложби, донраше лични документи во архивот на заштита и чување. Исто така и г-динот Тургут Хајдар кој што претходно ги имаше донирано своите документи, и кој од архивот ја издал книгата за семејството Охризаде, и понатаму изрази желба да ја продолжи соработката, така што сакал да донесе уште вредни документи за заштита во архивот. Сите оние кои имаат лични архиви на документи, од професионален, семеен карактер кои што се од големо културно историско значање за Охрид, можат да соработуваат со вработените во Архивот, така што се прави договор според Законот за архивско работење“.

Јанкоска нагласи дека посебно внимание ќе посвети на истражувачката дејност.Депото во архивот крие и многу значаен библиотечен фонд. Треба да се направи попис на 4 000 книги да се средат и да бидат достапни на јавноста за истражување за публикување и за други активности за кои ќе бидат заинтересирани граѓаните.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top