Post Views: 10
Многу енергија, голем музички набој, страст и огромно уживање на фестивалската публика. Виртуозните, виолинистот Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак на хармоника ќе ги пренесат страствените ноти на неповторливото танго. Условно „детето“ на Охридско лето, Стефан Миленковиќ вели дека чувството е неверојатно да се биде повторно во Охрид и на Охридско лето. Овој пат за публиката доаѓа со проектот „Танго компас“.
„Овој проект е една наша страст, нешто што ги комбинира и нашата професија и нашите животи и индивидуално како членови на групата но тоа се комбинира и со нашето хоби,...
Post Views: 2
Затворен дрвениот мост во Струга. Деновиве тој подлежи на санација и реконструкција. Овој зафат го изведува ХЕЦ Глабочица, Струга. Дрвениот мост во Струга, претставува времен регулаторен објект кој е изграден на истекот на реката Ц. Дрим и ваква функција има околу 50-тина години. Директорот на подружницата ХЕЦ. Глабочица, Тихомир Скепароски, рече дека конечно е дадено зелено светло од страна на Електрани Македонија да се санира и реконструира мостот кој подлежи на специфичен зафат.
Постапката за избор на адекватен изведувач била отворена 3 месеци. После тоа е потпишан...
Post Views: 5
Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, ќе можат да поднесат барање за легализација, нова главоболка за еколозите.
Ова многу негативно ќе се одрази врз езерото бидејќи тие градби се во...
Post Views: 14
Издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м² за намена: продажба на пченки-вкупно 8 Плоштад Крушевска Република- вкупно 3 Kej Македонија-вкупно -5 (пет).
Почетна цена за издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²– за намена продажба на пченки
локација за мобилна опрема до 2 м² за намена продажба на пченки- со почетна цена од 2.5оо (двеилјади и петстотини) денари месечно .
2.1 Во почетната цена за издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²– за намена продажба на пченки, не се содржани...
Post Views: 0
И ова лето продолжува неподносливата бучава од кафе баровите која, по полноќ до раните утрински часови, остава без сон голем број граѓани. Угостителските објекти во летната сезона со одлука на Совет на општината добија продолжување на работното време и тоа за 2 часа, 4 дена во јули, 5 во август и 2 дена во септември. Додека продолжување на работното време од 1 час имаат во јули 5 дена и во август 3 дена. Но со оглед дека граѓаните се сведоци на бучава до раните утрински часови континуирано преку цела сезона се поставува прашањето колку се почитува работното време на...
Post Views: 0
Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.
Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на барање кое е објавено на општинската страна или може да се...
Post Views: 0
Шпицот на туристичката сезона во Охрид, ни ја донесе препознатливата слика и звук во доцните вечерни, па и раните утрински часови. Уште едно лето, охриѓани, домашните и странските туристи мака мачат и се жалат на бучавоста која ја создаваат дел од кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера. Долги и непроспиени летни ноќи, луѓе што се приморани да ги затвораат прозорите за да се помачат да заспијат на високите температури дури и во вечерните часови. Ова се условно симптомите кои голем број на граѓани ги чувствуваат деновиве, па и...
Post Views: 0
Трговски брод кој пловел под турско знаме доживеа бродолом на северот од Јадранското море во близина на италијанското пристаниште Равена, по сударот со друго пловило во немирното море, известуваат локалните медиуми.
Бродовите на крајбрежната стража биле на местото на несреќата и спрема првите информации членовите на екипажот на несреќниот брод се сметаат за исчезнати.
Премиерот Матео Ренци, на Twitter потврдил дека во близина на Равена имало судар во кој учествувал турскиот брод и најавил дека владата набрзо ќе излезе со нови информации.
До несреќата дошло додека Италија...
Post Views: 4
Преку Мостот на желбите од центарот на Охрид кон плажата Канео во сезона секојдневно поминуваат илјадници туристи и жителите на населбата Канео. Овај премин многу често се оштетува од страна на минувачите, но пред извесно време беше оштетен и од градежните активности кои се превземаа за санарирање на бедемот на Долни Сарај. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на минувачите.
Овој мост е безбеден толку колку што може да е безбедна една ваква градба. За неговото одржување треба да се грижи концесионерот на плажата Потпеш, вели Томе Џамтоски- портпаролот на Локалната...
Post Views: 1
9 повредени во тепачка само во текот на изминатата ноќ во угостителски објект во Охрид. Синоќа по полноќ на хируршкото одделение, завршиле 9те лица со полесни телесни повреди. По укажаната хируршка интервенција тие се пуштени дома. Охридските хирурзи деновиве имаат полни раце работа. Покрај интервенциите врз повредени во сообраќајни несреќи, и други различни несреќни случаи, охридските хирурзи секојдневно интервенираат врз повредени во тепачки кои во Охрид како туристички центар ги има почесто.
„ Последните неколку дена се зголемени случувањата. Има повеќе несакани...
Post Views: 8
Полицијата уапси двајца осомничени за двојно убиство во Клиарвотер. Се проверува дали истите се одговорни и за убиството на 35 годишната Македонка.Детективите се сомневаат дека за трите убиства е употребено истото оружје.
Полицијата уапси двајца осомничени за убиството на двајца мажи во Чери Харис Паркот, кое беше извршено на 15 октомври.
Уапсени се 20 годишниот Исидоро Сантијаго Џонс и неговиот брат Карлос Бенито Џонс, осомничени за убиството на 46 годишниот Петер Раковски и 58 годишниот Колберт Колинс – извести полицијата.
Полицијата сега проверува дали пиштолот со...
Post Views: 12
Околу 20 – тина станоиздавачи од мал обем кои издаваат соби во колективни станбени згради со Тлер не може да ги обноват решенијата за категоризација на леглата. Тие се револтирани заради тоа што среде лето се спречени легално да работат.
„ Бараме да се продолжи со издавање на решенија за категоризција. Оние што им помина рокот од 3 години. Нови не се издадени еден месец. Добивме информација од Тлер дека до Министерството за економија се поднесени на повеќе пати барања за да се добијат. Ги замолуваме да биде што побрзо во ек на сезона не може да ги откажуваме...