Лек за бучавата во поригорозни мерки на законодавецот

Лек за бучавата во поригорозни мерки на законодавецот.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид

охридИ ова лето продолжува неподносливата  бучава од кафе баровите која, по полноќ до раните утрински часови, остава без сон голем број граѓани. Угостителските објекти во летната сезона со одлука на Совет на општината добија продолжување на работното време и тоа за 2 часа, 4 дена во јули, 5 во август и 2 дена во септември. Додека продолжување на работното време од 1 час имаат во јули 5 дена и во август 3 дена. Но со оглед дека граѓаните се сведоци на бучава до раните утрински часови континуирано преку цела сезона се поставува прашањето колку се почитува работното време на угостителските објекти.   Од државниот  пазарен инспекторат немаат надлежност за контрола и спречување на бучавоста, но велат дека редовно го контролираат работното време на угостителските објекти. При континуирани контроли информираат дека казни изрекле за три објекти кои го пречекориле дозволеното работно време.

Охрид„ Проблемот со децибелите е проблем кој треба да се реши и да се најде заеднички јазик помеѓу субјектите кои стопанисуваат и инсжпекциските органи.  Ние инспекциските органи, ќе потенцирам , ние како инспекциски органи не можеме 24 часа да следиме и влегуваме кај истите субјекти“, вели Ѓорѓи Бошалески, раководител на ПЕ на државниот пазарен инспекторат.  
Градот е излепен со плакати на кои се најавуваат концерти и диџеј забави на кои е наведена и локацијата и датумот на одржување, па како што се информираат граѓаните така и инспекторите имаат на увид за кога се најавени свирките кои започнуваат по полноќ и траат до раните утрински саати , по завршување на работното време. Од Државниот пазарен инспекторат се согласуваат дека бучават како проблем на туристички Охрид се провлекува со години наназад. Решение на проблемот гледаат кај законодавецот.

„ Законодавецот да предвиди и други методи во поглед на спречување на прегласната мзуика и бучавост во Охрид. Преку одземање на апаратите кои ја преизвикуваат  бучавоста, звучниците и појачалата. Не е во моја надлежност, но тоа е мое мислење како граѓанин. Да се најде заеднички модус да се задоволат и едните и другите. Да  се интервенира и во Законот за угостителска дејност и д а се предвиди работното време за 1 час во лето за сите денови“, појаснува Бошалески.

Граѓаните прекумерната бучава најчесто ја пријавуваат во полиција како нарушување на јавен ред и мир. Побаравме став и од СВР Охрид колку често имаат такви јавувања, како постапуваат и во каква координација се со инспекторите. Од таму ни ветија  дека за ова прашање ќе се произнесат во текот на утрешниот ден.    

 
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top